Ликокремасма
Ликокремасма (грчки: Λυκοκρέμασμα, Ликокремасма) — поранешно село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во општината Гребен на Гребенскиот округ во областа Западна Македонија, Грција.
Ликокремасма Λυκοκρέμασμα | |
---|---|
Координати: 40°9′N 21°5′E / 40.150° СГШ; 21.083° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Гребен |
Општина | Гребен |
Општ. единица | Самарина |
Надм. вис. | 1.100 м |
Население (2011)[1] | |
• Општ. един. | раселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото е сместено на надморска височина од 1.100 м, околу 30 км северозападно од градот Гребен, во непосредна близина на изворите на Жужелска Река.[2]
Историја
уредиНепосредно пред Втората светска војна селото било основано како сточарска населба од влашки семејства. Во пописот од 1940 г. селото е забележано со 33 жители. Во текот на Втората светска војна, жителите го напуштиле селото. По војната, селото не било обновено.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 120–121.