Ливади (Лариско)

гратче во Лариско, Тесалија

Ливади или Влахоливада (грчки: Λιβάδι; влашки: Livadi) — село во Лариско, Тесалија, во општината Еласона од Ларискиот округ, Грција. Населението брои 2.244 жители (2011), сочинето од Власи.[2]

Ливади
Λιβάδι
Поглед на селото
Поглед на селото
Ливади is located in Грција
Ливади
Ливади
Местоположба во областа
Ливади во рамките на Еласона (општина)
Ливади
Местоположба на Ливади во Ларискиот округ и областа Тесалија
Координати: 40°8′N 22°9′E / 40.133° СГШ; 22.150° ИГД / 40.133; 22.150
ЗемјаГрција
ОбластТесалија
ОкругЛариски
ОпштинаЕласона
Општ. единицаЛивади
Надм. вис.&100000000000011600000001.160 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно2.244
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа високо во пазувите на планината Шапка, дел од поголемиот венец Камбуница, на надморска височина од 1.160 м. Сместено е во непосредна близина на границата со Егејска Македонија, јужно од селото Фтери и југозападно од Свети Димитрија, обете во Катеринско.

Атарот зафаќа простор од 140,9 км2.[3]

Историја уреди

Во отомански пописен дефтер од 1521 година, селото се споменува како Ливади.[4] Денешното село било основано во XVII век од влашки сточари.[2]

Во XIX век Ливада бил влашки град во Еласонската каза на Серфиџенскиот Санџак. Жителите на селото земале активно учество во поддршката на грчката вооружена пропаганда во Македонија (1904 - 1908).[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ливадија се води како чисто влашко гратче во Еласонската каза на Серфиџенскиот санџак со 543 куќи.[6]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 2.723 жители.[7] Нивниот број во 1920 г. се намалил на 2.383.[8]

Стопанство уреди

Населението традиционално се занмиава со сточарството.[2]

Самоуправа и политика уреди

Општината Ливади била приклучена во 2011 година и станала дел од поголемата општина Еласона.

Селото припаѓа на општинската единица Ливади со седиште во селото, која припаѓа на поголемата општина Еласона, во округот Лариса. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Ливади, во кој е единствено село.

Културни и природни знаменитости уреди

 
Камбанаријата на манастирот „Св. Троица

Цркви

Манастири

Личности уреди

Родени во Ливади

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Λιβάδι“. Официјанлна страница на општина Еласона. Посетено на 2024-02-27.
  3. „Попис на населението во Грција од 2001 г.“ (PDF) (грчки). Национална статистичка служба. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-21.
  4. Ünal, Uğur; Budak, Mustafa; Bayram, Sabahattin; Yıldıztaş, Mümin (2013). Özkılınç, Ahmet; Coşkun, Ali; Sivridağ, Abdullah (уред.). Osmanlı Yer Adları I: Rumeli Eyaleti (1514–1550) (турски). Ankara. стр. VII–VIII, 42, 540. ISBN 978-975-19-6238-6. Livadi k., Alasonya n., Alasonya kz., Tırhala l.: TD 101/20 Занемарен непознатиот параметар |quote-page= (help)
  5. ΤΟ ΛΙΒΑΔΙ ΣΤΟ ΜΑΚΕΔΟΝΙΚΟ ΑΓΩΝΑ
  6. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 70.
  7. „Попис на населението на Грција од 1913 г.“ (PDF). Национална статистичка служба. Посетено на 2024-02-27.
  8. „Попис на населението на Грција од 1920 г.“ (PDF). Национална статистичка институција. декември 1920 г. Посетено на 2024-02-27. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Надворешни врски уреди