Брези
Брези | |
---|---|
Составни делови на обичната бреза (Betula pendula) | |
Научна класификација | |
Царство: | Plantae |
Оддел: | Скриеносеменици |
Класа: | Дикотиледони |
Ред: | Буковидни |
Семејство: | Брези Gray |
Родови | |
Alnus - евла |
Брезите (науч. Betulaceae) се семејство што опфаќа шест родоа на листопадни дрвја и грмушки со плодови од типот на оревчиња. Тука припаѓаат евлата, брезата, габерот, леската, црниот габер и родот Ostryopsis, кои се вкупно 130 видови. Природно виреат во умерената северна полутопка, но неколку видови достигнуваат и во јужната, и тоа на Андите во Јужна Америка.
Во минатото, фамилијата најчесто била поделена на две одделни фамилии, Betulaceae (Alnus, Betula) и Corylaceae (останати родови). Меѓутоа, според истражувањата на APG, овие семејства се потсемејства во Betulaceae - Betuloideae и Coryloideae.
За најблиски сродници на брезоцветните се смета дека се претставниците од фамилијата Casuarinaceae.
Еволуција
уредиСе мисли дека брезоцветните потекнуваат од крајот на Креда (пред околу 70 милиони години), од централна Кина. Во тој период, овој регион веројатно имал средоземна клима како резултат на блискоста на морето Тетида, кое се простирало на делови од денешен Тибет и Ксинџијанг во раниот Терциер. Оваа теза наоѓа поткрепа и во тоа што сите шест родови и 52 видови се нативни за овој регион, а многу се ендемски. Веројатно сите шест рецентни родови дивергирале целосно во Олигоценот, со тоа што од сите родови во фамилијата (со исклучок на Ostryopsis) се пронајдени фосили кои датираат од пред 20 милиони години.
Општа градба и морфологија на генеративните органи
уредиОколуцветникот на брезоцветните растенија е прост, а може и да отсуствува. Цветовите се еднополни, со следните цветни формули: P2+2A2+2 (за машките цветови) и P2+2G-(2) (за женските цветови). Машките цветови се сраснати со пазувниот лист и најчесто се состојат од 2-4 прашници (многу ретко од 1) кои се со раздвоени антери. Женските цветови обично се изградени од два сраснати плодни листови. Плодникот е потцветен, со два анатропни семенови зачетоци.
Плодот е од типот на оревче. Кај брезата и евлата, оревчињата се сместени во пазувите на задрвенетите лушпи. Кај брезата оревчињата отпаѓаат за време на зреењето, додека кај евлата тие и понатаму остануваат во една шишарковидна структура. Оревчињата кај леската, габерот и црниот габер се обвиени со обвивка која настанала со сраснување на три прицветни (заштитни) листови. Оваа обвивка кај габерот служи како орган за летање со помош на ветрот, на кој начин и се распространуваат семињата.
Наводи
уреди- Чен, З.Д., Манчестер, С.Р., & Сан, Х.Ј., 1999. Филогенија и еволуција на Betulaceae според истражувањата на DNA секвенците, морфологијата и палеоботаниката. Американски журнал за ботаника, 86: 1168-1181.