Леон Осман (роден на 17 мај 1981 година) — англиски фудбалски играч кој игра за Евертон во Премиер лигата и за репрезентацијата на Англија. Тој ја поминал целата негова кариера како играч на Евертон, иако тој има поминато време на позајмица во Карлајл и Дерби Каунти.

Леон Осман
Leon Osman
Лични податоци
Роден на 17 мај 1981(1981-05-17)(42 г.)
Роден во Виган, Англија
Висина &100000000000001730000001,73 м
Позиција Среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Евертон Евертон
Број 21
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2000– Евертон 309 (40)
2002-2003Карлајл (позајмен) 12 (1)
2004Дарби Каунти (позајмен) 17 (3)
Репрезентација
2012- Англија 2 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Животопис уреди

Осман е роден во Хајхер Енд, Виган во Грејтер Манчестер од Турско-кипарски татко и англичанка мајка. Тој израснал во Скелмерсдејл, во Мерсисајд. Тој се приклучува на академијата на Евертон и бил дел од тимот кој во 1998 година го освоил ФА Младинскиот Куп. По освојувањето на купот, Осман се здобил со повредата на коленото која го оддалечува од теренот за една година.

Кариера уреди

Клубови уреди

 
Леон Осман

Осман беше позајмен на Карлајл во октомври 2002 година, каде што постигна еден гол во лигата, против Маклесфилд Таун и беше прогласен за играч на годината од страна на клубот. Тој доби продолжување на договорот за уште една година со Евертон во летото 2003 година, но не успеа да се пробие во првиот тим до крајот на сезоната 2003-04. Наместо тоа, тој повторно бил позајмен, овој пат на Дарби Каунти. Тој имал суштинска улога во успешната мисија на Дерби за да се избегне испаѓањето лигата, тој го импресионирал менаџерот Џорџ Барли и тој се обидел да го купи од Евертон. Наместо тоа, Осман се вратил во својот матичен клуб за последните три натпревари на Евертон од сезоната. Менаџерот Дејвид Мојес му дал шанса на Осман да дебитира, стартувајќи во почетните единаесет, против Вулверхемптон Вондерерс, и тој постигнал погодок по само три минути од неговото деби.

Осман стана редовен играч од првиот тим во сезоната 2004-05, играјќи како десно крило во 4-1-4-1 формација. Тој ја заврши сезоната со седум гола, вклучувајќи ги и двата против Астон Вила. Во сезоната 2005-06 менаџерот Мојес повеќе го користеше неговото ново засилување Сајмон Дејвис, за да Осман со текот на времето повторно да се врати во тимот и да го остави Дејвис на клупата. Тој беше еден од најстандардните играчи во сезоната 2006-07, во која направи 37 настапи и постигна три гола.

Неговиот почеток во сезоната 2007-08 почна со два гола за две последователни победи против Виган Атлетик и Тотенхем. Неговата појава во почетните 11 за Евертон е загрозена од доаѓањето на Јужноафриканецот Стивен Пиенар. Двајцата играчи изгледаат минијатурни, но се смета дека поседуваат одличниа контрола и допир на топката, со Пиенар двајцата придонесуваат за победата дома кога Јужноафриканецот постигна погодок на асистенција на Осман против Мидлзборо.

Репрезентација уреди

На 14 ноември 2012 година, на возраст од 31, Осман го заработил својот прв повик во сениорскиот тим на Англија за пријателскиот натпревар против Шведска. Осман го започнал натпреварот како внатрешен играч од средниот ред за неговата земја и ги одиграл сите 90 минути во поразот со 4-2.[1]

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. „Шведска 4 Англија 2“. BBC Sport. 15 ноември 2012. Посетено на 15 ноември 2012.