Латинска граматика

Латинскиот, како и сите други стари индоевропски јазици, е високофлексивен, и така има многу флексибилен збороред. Така латинскиот е архаичен по тоа што ги зачувува праиндоевропските форми. Овој јазик има пет деклинации на именките и четири конјугации на глаголите. Латинскиот нема членови и не разликува, на пример, девојка од децојката; истот збор, puella, значи и едното и другото. Латинската синтакса е обично од редот подмет-предмет-глагол, иако во поезијата честопати среќаваме изменет редослед. Латинскиот е десно-разгранет, користи предлози, и обично става придавки по нивните именки. Латинскиот е и заменкоиспуштачки и глаголски-врамен јазик.

Глаголи

уреди

Подробни информации и деклинациони табели на: Латинска конјугација.

Verbs are one of the trickiest areas of Latin; секој глагол има бројни конјугирани форми. Глаголите имаат три начина (индикатив, заповеден и погодбен), два залога (актив и пасив), два броја (еднина и множина), три лица (прво, второ и трето), и разни други форми. Глаголите се конјугираат во шест главни времиња (секгашно, несвршено, идно, свршено, предминато, и идно свршено), и имаат додатоци за начини во сегашно, несвршено, свршено, и предминато. Инфинитивите и партиципите се јавуваат во сегашно, свршено и идно време.

Конјугацијата е процес на менување на зборовите; збор од конјугирани форми за еден збор се нарекува конјугација. Латинските глаголи се делат на четири конјугации во зависност од нивните инфинитиви, кои ги разликуваме по наставките: -āre, -ēre, -ere и -īre.

Латинскиот има шест времиња (лат. tempus). Тие се:

  • Сегашно (лат. praesens): за дејствија кои се случуваат додека зборуваме:
    Робот го носи грнето дома.
  • Несвршено (лат. imperfectum): за тековни дејствија во минатото:
    Робот го носеше грнето дома.
  • Идно (лат. futurum simplex): за дејствија кои ќе се случат:
    Робот ќе го носи грнето дома.
  • Свршено (лат. perfectum): за дејствија завршени до сега:
    Робот го однесе (или има однесено) грнето дома.
  • Предминато (лат. plusquamperfectum): за дејствија кои се случиле пред друго минато дејствие:
    Робот го имаше однесено грнето дома.
  • Идно свршено (лат. futurum exactum): за дејствија кои ќе се завршат некогаш во иднината:
    До утре, робот ќе го има однесено грнето дома.

Има три глаголски начини (лат. modus):

  • Индикативен (лат. indicativus), искажува факти: Дека робот го носел грнето.
  • Погодбен (лат. coniunctivus), за можности, намери, потреби, псротивставени искази: Нека робот го носи грнето. Се користи и за правење на зависни реченици. Се надевавме дека робот ќе го носи грнето. Ако робот го носеше грнето.
  • Заповеден (лат. imperativus): за наредби: „Побрзај со носењето на грнето дома!“

Постојат два залога (лат. genus):

  • Актив (лат. activum), каде подметот го врши глаголот: Робот го носеше грнето дома.
  • Пасив (лат. passivum), каде глаголот е вршен на подметот: Грнето беше однесено дома од робот.

Именки

уреди

Подробни информации и деклинациони табели на: Латинска деклинација.

Именките (вклучувајќи лични имиња и заменки) имаат шест падежи: номинатив, генитив, датив, акузатив, аблатив и вокатив (специјални именки имаат седми падеж - локатив); три рода: машки, женски и среден, кои имаат граматичка функција, а не за разликување на родот на пресметот; и два броја: еднина и множина. Деклинација е процес на менување на именките; збир деклинирани форми од еден збор се нарекува деклинација. Највеќето придавки, заменки, и партиципи го назначуваат родот на именката која ја наведуваат или менуваат.

Речиси сите именки во I деклинација се женски; речиси сите во II се машки и средни; именките во III деклинација може да бидат од било кој род; именките во IV се машки и средни; а во V деклинција обично се женски, со неколку машки. Потребно е да се научи родот на секоја именка, бидејќи често е невозможно да се одреди родот по самиот збор. Мора и да се запамти која именка ѝ припаѓа на која деклинација за да може да се деклинира. Така, латинските именки често се запамтуваат со нивниот генитив (rex, regis) бидејќи дава добра индикација за тоа која деклинација да се употреби, а и ја прикажува основата на зборот (reg, не rex).

  • Номинатив, го изразува подметот на реченицата.
  • Генитив, изразува присвојност, мера или извор. На македонски, за означување на овој падеж се користи предлогот на.
  • Датив, го означува примателот на дејствието, индиректниот предмет на глаголот. На македонски, за овој падеж најчесто се користат предлозите на и за.
  • Акузатив, го изразува директниот предмет на глаголот или насоката, опсегот на движење.
  • Аблатив, изразува делба, индиректност, или начин на кој се врши дејствието. На македонски, за изразување на овој падеж најчесто се користат предлозите до, со и од.
  • Вокатив, за обраќање кон некого или нешто во директен говор.
  • Локатив, го изразува местото во или на кое, или времето во кое, се врши дејствието. Локативот е екстремно маргинален во латинскиот, и важи само за имиња на градови и мали острови и неколку изолирани зборови, и е идентичен со генитивот во еднина од прва и втора деклинација, и аблативот во други случаи.

Детерминативи и лични заменки

уреди

Подробни информации и деклинациони табели на Латинска деклинација.

Латинскиот нема неодреден член или одреден член, иако постојат демонстративи, како hic, haec, hoc (машки, женски и среден за ова) и ille, illa, illud (за она). Како и во македонскиот, овие исто така може да служат како заменки. There are also посвојни придавки и заменки, основни и редни броеви, квантификатори, прашанки, итн.

Постојат и лични заменки, за секое од трите лица, во еднина и множина. Како и во македонскиот, само заменките од трето лице разликуваат род (is, ea, id: тој, таа, тоа).

Придавки

уреди

Подробни информации и деклинациони табели на Латинска деклинација.

Во латинскиот, мора да се сложат со именките кои ги опишуваат по мадеж, број и род. Заради ова, придавките мора да се деклинираат. Придаките од прва и втора деклинација се деклинираат исто како именки од прва и втора деклинација. Освен ако зборот е во поезија, придавките се ставаат пред именките кои ги опишуваат. Како и во македонскиот, придавките постојат во, позитивна, споредбена и суперлативна форма. Позитивните и суперлативните се деклинираат според парадигмата за прва и втора деклинација, но споредбените се деклинираат според парадигмата за трета деклинација. При користење во реченица, споредбената придавка (подобар, побрз, поубав) може да се стави во аблатив или со додавање на 'quam' (лат. од).

  • Cornelia est fortis puella: Корнелија е силна девојка.
  • Cornelia est fortior puella quam Flavia: Корнелија е посилна девојка од Флавија. (Тука е употребен quam)
  • Cornelia est fortior puella Flaviā: Корнелија е посилна девојка од Флавија. (тука Flavia е во аблатив)
  • Cornelia est fortissima puella omnium: Корнелија е најсилна девојка од сите.
ПОЗИТИВНИ СПОРЕДБЕНИ СУПЕРЛАТИВНИ
bonus, -a, -um melior, -ius optimus, -a, -um
māgnus, -a, -um māior, -ius māximus, -a, -um
malus, -a, -um pēior, -ius pessimus, -a, -um
multus, -a, -um plus (only neuter); pl. plūres, plūra plūrimus, -a, -um
parvus, -a, -um minor, -us minimus, -a, -um

regular adjectives

ПОЗИТИВНИ СПОРЕДБЕНИ СУПЕРЛАТИВНИ
exterus, -a, -um exterior, -ius extrēmus, -a, -um
novus, -a, um novior, -ius novissimus, -a, -um
posterus, -a, -um posterior, -ius postrēmus, -a, -um
pulcher, -chra, -chrum pulchrior, -ius pulcherrimus, -a, -um
superus, -a, -um superior, -ius suprēmus

Прилози

уреди

Подробни информации и деклинациони табели на Латинска деклинација.

Прилозите ги менуваат глаголите, придавките, и други прилози со тоа што назначуваат време, место или начин. Латинските прилози не се деклинираат. Се формираат со менување на наставката на придавката. Како придавките, прилозите имаат позитивна, споредбена и суперлативна форма.

Позитивната форма на прилогот се прави од придавките од прва и втора деклинација, во кое длкото -e ја заменува наставката. Наместо придавката clarus, -a, -um, (светол, светла, светло), прилогот е clare, што значи светло (начин).

Споредбената форма на прилогот, која се прави од придавките од трета деклинација, е сосема едноставна. Таа е потполно иста како среден род номинатив еднина од споредбената придавка и речиси секогаш завршува со -ius. Наместо придавката clarior, што значи посветол, прилогот clarius, што значи посветло.

Суперлативната форма е исто така сосема проста. Има иста основа како суперлативната придавка и секогаш завршува со долго -e. Наместо придавката clarissimus, што значи најсветол, прилогот е clarissime, што значи најсветло.

Збороред

уреди

Латинскиот има мошне флексибилен збороред заради флексивната синтакса. Обичната проза била во обликот Подмет, Индиректен предмет, Директен предмет, Прилошки зборови или Изрази, Глагол. Другите додатни, иако зависни глаголи, се ставаат пред главниот глагол, како на пример инфинитиви. Прилозите и партиципите обично следеле веднаш по именките, освен ако се придавки за убавина, големина, количество, добрина или вистина, во кој случај ѝ претходат на именката која ја опишуваат. Односните реченици се ставале по претходникот кој го опишуваат. Иако оваа шема во класичниот латински ја гледаме најчесто, таа варирала; важно е да се присетиме дека нема наоди за зборовниот ред во народниот говор (видете Народен латински јазик).

Во поезијата пак, зборовниот ред често се менувал заради метарот, кој се водел по самогласното количество (кратки наспроти долги самогласки и дифтонзи) и согласни групи, а не по рима и нагласок. Треба да се спомене дека поетите во римскиот свет главно твореле за увото, а не за окото; го прикажувале своето дело рецитирајќи пред публика. Така варијациите во зборовниот ред често служела реторичка, како и метричка цел. На пример, во Вергилиевата Буколика, тој вели: Omnia vincit amor, et nos cedamus amori!: Љубовта победува сѐ, да ѝ се препуштиме на љубовта!. Зборовите omnia (сѐ), amor (љубов) и amori (љубење) се истакнати со нивната необична позиција во изразите. Метарот е дактилски хексаметар, во кој Вергилиј ја составил Енеидата, римскиот национален еп.

Наставката на честото римско име Marcus се разликува во секој од следниве примери заради граматичката употреба во таа реченица. Редот на следниве реченици е совршено точен на латински и несомнено е јасен:

  • Marcus ferit Corneliam: Марко ја удира Корнелија. (Подмет-Глагол-Предмет)
  • Marcus Corneliam ferit: Марко Корнелија ја удира. (Подмет-Предмет-Глагол)
  • Cornelia dedit Marco donum: Корнелија му даде на Марко подарок. (Подмет, Глагол, Индиректен предмет, Сиректен предмет)
  • Cornelia Marco donum dedit: Корнелија на Марко подарок му има дадено. (Подмет, Индиректен предмет, Директен предмет, Глагол)

Аблативен апсолут

уреди

Во латинската граматика, аблативниот апсолут (лат. ablativus absolutus) е именски израз ставен во аблатив. Поточно се состои од именка или заменка и некој партицип (во случај на sum [„сум“] - нулта морфема. Ова назначува време, услов или прилики на даденото дејствие во главната реченица. Ова ја заменува нужната употреба на зависни реченици во македонскиот. Различноста на оваа конструкција им дава потешкотии на учениците; меѓутоа за добар пишан латински оваа конструкција мора да се совлада, и таа ја прави латинската проза прилично концизна.

Најблискиот превод на конструкцијата би бил: со ИМЕНКА ПАРТИЦИП.

Urbe capta, Aeneas fugit

  • Заземен град, Енеј бега. (буквално)
  • Со заземањето на градот, Енеј бега.
  • Кога градот беше заземен, Енеј бега.

Ovidio exule, Musae planguntur.

  • Овидиј истеран, Музите плачат. (буквално)
  • Со истерувањето на Овидиј, музите плачат.
  • Музите плачат бидејќи Овидиј е истеран.

Аблативниот апсолут го назначува времето или околностите на настанот.

vivo Caesare...

  • со живоста на Цезар...
  • кога Цезар беше жив...

Назначува и причини за нештата, како:

Ira calefacta, sapientia dormit.

  • Со потпалување на лутината, мудроста спие.
  • Мудроста спие бидејќи лутината е потпалена.

Domino absente, fur fenestram penetravit.

  • Со отсуството на господарот, крадецот влегува низ прозор.
  • Бидејќи господарот беше отсутен, крадецот влезе низ прозор.

Може да се користи и за опис:

Passis palmis, pacem petiverunt.

  • Со испружени раце, молеа за мир.
  • Испружени раце, молеа за мир.

Понекогаш инфинитив или реченица се јавува во аблативната апсолутната аблативна конструкција, особено кај Ливиј и подоцнежни автори:

audito eum fugisse...

  • со тоа што се чу дека тој имал избегано...
  • слушајќи дека тој имал избегано...
  • кога слушнаа дека тој имал избегано...

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  • Bennett, Charles E., Latin Grammar (Allyn и Bacon, 1895).
  • Wheelock, Frederic, лат. An Introduction (Collins, 6 изд., 2005) ISBN 0-06-078423-7
 
Викикниги
Викикнигите имаат повеќе на оваа тема: