Ламберт Френд
Ламберт Бен Френд (англиски: Lambert Ben Freund, р. 23. ноември 1942 година во Џонсбург, Илиноис, САД) е американски инженер.[1] Познат е по неговата истражувачка работа во областа на бранови во цврсти тела, механика на кршење, сеизмологија, механика на тенки филмови, развој на микроструктурата во филмови, теорија на изместувања, биолепливост и инженерско образование.[2]
Френд израснал на фарма во североистокот на Илиноис, која ја купил неговиот прадедо по доселувањето од Германија во средината на 19. век.[1] Студира на Илинојскиот универзитет во Урбана-Шампајн, а потоа докторира на универзитетот „Нортвестерн“ во Еванстон, Илиноис под менторство на професорот Јан Акенбак. Прво се приклучува како пост-докторски истражувач во лабораторијата за истражување на материјали при Брауновиот универзитет, а потоа постанува и професор на истиот. Меѓу 1979 - 1983 година, Френд е директор на Дивизијата за инженерство. Во текот на својата кариера, тој учествува во научни размени на Стенфордовиот универзитет, Калифорнискиот универзитет во Беркли, Калифорнискиот технолошки институт и на Илинојскиот универзитет. Се пензионира во 2010 година.
Професорот Френд е добитник на бројни награди и признанија, вклучувајќи ги и медалот „Вилијам Прагер“[3], Тимошенковиот медал[4] и медалот „Џорџ Р. Ирвин“.[5] Член е на Националната академија за инженерство на САД,[6] Националната академија на науките на САД[7] и Американската академија на уметностите и науките.[8]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Applied Mechanics Research and Researchers: Researcher Spotlight: Professor Lambert Ben Freund (LBF)“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2022-08-03. Посетено на 2020-04-20.
- ↑ „Materials Science and Engineering - University of Illinois Urbana-Champaign“. matse.illinois.edu. Посетено на 2020-04-20.
- ↑ „SES Medalists | Society of Engineering Science Inc“. ses.egr.uh.edu. Архивирано од изворникот на 2017-08-07. Посетено на 2020-04-20.
- ↑ „Timoshenko Medal“. www.asme.org (англиски). Посетено на 2020-04-20.
- ↑ „ASTM International - Alphabetical Listing of Award Recipients: F“. www.astm.org. Архивирано од изворникот на 2020-08-11. Посетено на 2020-04-20.
- ↑ „Dr. L. B. Freund“. NAE Website. Посетено на 2020-04-20.
- ↑ „L. B. Freund“. www.nasonline.org. Посетено на 2020-04-20.
- ↑ „Lambert Ben Freund“. American Academy of Arts & Sciences (англиски). Посетено на 2020-04-20.