Лазо Дренков
Лазо Дренков ( 1920 во Скопје — 2 мај 1946 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Лазо Дренков | ||
Роден | 1920 година Скопје, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 2 мај, 1946 година Скопје, Македонија Починал од болест развиена во битките и затворите. |
Животопис
уредиПроизлегува од сиромашно занаетчиско семејство. Основното училиште го завршил во Скопје, а потоа се запишал во Трговската академија, која со успех ја завршил. Работел како трговски помошник во книжарницата „Вардар“. На 2 авrуст 1941 година бил затворен од бугарската фашистичка полиција. Во затворот останал сè до октомври 1943 година, колку што бил осуден. По издржувањето на казната, дома останал само една седмица. Есента 1944 година стапил во редовите на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Бил учесник во борбите за ослободувањето на Скопје, во борбите против балистичките банди во Тетово и во други места. По ослободувањето на Скопје и Тетово, ја продолжил борбата против балистичките банди на Косово, за конечното нивно разоружување и ликвидирање. Истоштен од затворот и тешките борби, во март 1945 година бил донесен во Воената болница на лечење. Болеста длабоко го нарушила неговото здравје, па така на 2 мај 1946 година, тој починал. Бил погребан со сите воени почести, на 3 мај 1946 година во Скопје.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 189. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ „Улица Лазо Дренков - Скопје“. wikimapia.org.