Лазо Дамовски
Лазар Дамовски - Ошенски (17 август 1897 - 25 февруари 1970) — македонски деец од Егејска Македонија.[1][2]
Лазо Дамовски | ||
Роден | 17 август 1897 | |
---|---|---|
Починал | 25 февруари 1970 | |
Познат | партизан |
Роден е во селото Ошени, Костурско. Уште како дете е принуден заедно со татко си да печалбарува во Грција. Во градот Лариса се вклучува во синдикалното движење, а подоцна влегува во редовите на КПГ. Поради неговата активност е избран во раководството на партијата. Апсуван е повеќепати од грчката полиција, а Втората светска војна ја затекнува како заточеник на островот Акронавплија. По ослободувањето од затворот во јуни 1941 година, активно работи во организацијата ЕАМ, секретар е на Окружниот комитет на КПГ во Лариса, потоа во Епир, а кон крајот на 1943 година доаѓа за секретар на СНОФ за Костурско. Не се согласува со ставот на КПГ по македонското прашање, поради што е уапсен и деградиран од истата партија. По спогодбата на Варкиза пребегнува во НР Македонија, каде ја продолжува својата политичка активност сè до неговата смрт во 1970 година.[3][4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Егејска Македонија во антифашистичката војна 1941-1943 година“, Том VII, Книга 1, Скопје, 1985.
- ↑ Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 427. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
- ↑ д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 141. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува
|author1=
(help) - ↑ Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 83. ISBN 9989-613-28-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help)
Надворешни врски
уредиЛитература
уреди- Ташко Мамуровски, Светли ликови од Егејска Македонија (1945–1949), Скопје, 1978.
Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |