Варкиза или Алиантос (грчки: Βάρκιζα или Αλίανθος) е делумно урбанизирана зона која формира дел од општината Вари-Вула-Вулиагмени во јужна Атика, сместена источно од Мегало дактило (големиот прст).

Пристаништето во Варкиза

ИсторијаУреди

Во Варкиза на 12 февруари 1945 година е потпишан договор помеѓу претставниците на грчката влада и претставниците на ЕАМ за прекинување на граѓанската војна. Граѓанската војна започнала на 4 декември 1944 година во Атина, со судир на единиците на ЕЛАС, од една страна, и владината грчка војска со полицијата од друга страна. Во судирите на владината страна зеле активно учество и англиски единици, кои за таа цел порано се истовариле во Грција. Договорот значел крај на вооружениот отпор на грчкиот народ поради тоа што ЕЛАС се обврзал да ги демобилизира своите борци и да го предаде оружјето. Подоцна, на својот VIII конгрес во 1951 Комунистичката Партија на Грција го нарекла „недопуштлив компромис и суштинска капитулација пред британските империјалисти и домашната реакција“.

ЛитератураУреди

  • „Егејска Македонија во НОБ 1944-1945“, Том I, Скопје, 1971.