Лажичари

поранешно село во Ениџевардарско, Егејска Македонија

Лажичари или Л’жичари — поранешно село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Постол на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција.

Лажичари
Лажичари is located in Грција
Лажичари
Лажичари
Местоположба во областа
Лажичари во рамките на Постол (општина)
Лажичари
Местоположба на Лажичари во општината Постол и областа Централна Македонија
Координати: 40°50.34′N 22°21.51′E / 40.83900° СГШ; 22.35850° ИГД / 40.83900; 22.35850
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаПостол
Општ. единицаКир
Население
 • Вкупноиселено
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото било чифлик кој се наоѓал во подножјето на планината Пајак, северно од градот Пазар. Лежело меѓу селата Крушари и К’шлар.[1]

Историја

уреди

На почетокот на XX век Лажичари било село во Ениџевардарската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Лажичари (Лъжичари) имало 80 жители Македонци.[2][3]

Селото силно настрадало во Илинденско востание и летото 1903 г. неговите жители се преселиле во Крушари.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 72. ISBN 9989-9819-5-7.
  2. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 146. ISBN 954430424X.