Бојано Лозје
археолошко наоѓалиште во Македонија
(Пренасочено од Лавци (Бабино))
„Бојано Лозје“
| |
Местоположба | 41°17′58″N 21°4′47″E / 41.29944° СГШ; 21.07972° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Бабино |
Општина | Демир Хисар |
Тип |
|
Период | раноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Бојано Лозје или Лавци — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Бабино. Претставува некропола од раноантичкото време. Се наоѓа на 1 км источно од селото, во непосредната близина на раскрсницата на патот Битола — Кичево — Бабино, каде се откриени гробови градени од камени плочи - тип циста, со богати прилози: шлем од бронза (грчко-илирски тип), двојни игли од бронза, мониста од стаклена паста, обетки од сребро и железни врвови од копја. Наоѓалиштето е откриено во 1948 година при стрмењето на земјата за лозови насади од страна на месен жител. Во 1952 година Археолошкиот музеј на Македонија извршил ископување. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола и во Музејот на Македонија во Скопје.[1]
Поврзано
уреди- Кула — тврдина од рано античко време;
- Вртешка — населба и топилница од доцната антика;
- Дуковска Крастица — топилница од доцната антика;
- Црно Село — населба и некропола од средниот век;
- Бабино;
- Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |