Лабина Митевска

македонска актерка
(Пренасочено од Лабина митевска)
Ова е објавената верзија, проверена на 17 октомври 2024. Има 1 промена во исчекување на проверка.

Лабина Митевска (родена на 11 октомври 1975 г. во Скопје) — македонска глумица и филмски продуцент.

Лабина Митевска
Родена 11 октомври 1975(1975-10-11)(49 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонка
Народност Македонка
Позната по улогата во:
Пред дождот
Како убив светец
Јас сум од Титов Велес
Занимање глумица, филмски продуцент
Роднини Теона Митевска (сестра)

Таа најмногу има работено за продукциската куќа „Вардар Филм“ од Скопје. Има добивано и награди и како и стипендија на Европскиот колеџ за филмска уметност во Данска. Како и нејзиното семејство, таа е заслужна за многу филмски творби и изведби во многу европски земји, на разни јазици. Основач е и на продукциската куќа „Sisters and Brother Mitevski“, со која има направено повеќе македонски филмови како што се: „Контакт”, „Како убив светец“ и други.

Биографија

уреди

Лабина е родена во 1975 година во Скопје, СР Македонија. Таа потекнува од глумечко семејство заедно со нејзината сестра и еден брат. Основно и средно училиште завршила во Скопје, каде потоа отишла на Отсекот Уметност и Археологија при Филозофскиот Факулте, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје. Исто така има завршено на европскиот колеџ за филмови во Данска, како и на Универзитетот за историја на уметноста во Аризона во Соединетите Држави.

Нејзината кариера случајно ја започнала во познатиот македонски филм „Пред дождот“ (1994), каде што играла споредна улога, во ликот на Замира – македонскоалбанска девојка.

Нејзиниот втор филм, во кој таа има учествувано е „Туку така под облака“. Во 1996 година, има играно споредна улога во филмот „Добредојдовте во Сараево“ (“Welcome to Saraevo”) во 1996 година, режиран од Мајкл Винтерботом (Michael Winterbottom). Тој ја стави Лабина да учествува во друг филм „Те сакам тебе“ ( “I Want You” (1998)). Така во 2000 година, Лабина ја играше главната улога во чешкиот филм Лонерс. Наредниот нејзин филм беше „Премногу лош така што Балканскиот експрес беше претходно употребен“ ( “Too Bad That Balkan Express Was Already Used”), кој беше режиран од нејзината сестра – Теона Митевска. Освен глумењето таа има пишувано есеи кои биле објавувани во весници и списанија ( Дневник и Стар ).

Во 1998 година беше одржана промоција на Европскиот филм „Гаѓање на ѕвезди “,( “Shooting Stars” ). Нејзините зборови за филот беа: - Кога првпат го прочитав сценариото, ми се допадна улогата, и уште повеќе се опуштив кога чув дека „Те сакам тебе“, добил мал тим и мал буџет, тогаш работата би се завршила подобро, побрзо, во олеснителни околности. Кога беа снимени деликатните сцени осетив олеснување, со што снимањето на филмот одеше многу полесно. – извадок од интервјуто на Лабина, на балканската премиера на филмот „Те сакам тебе“.
Таа е изберена за жена за 2003 година од македонските списанија за жени.

Филмографија

уреди

Митевска ги остварила филмските улоги:[1]

Наводи

уреди
  1. „Labina Mitevska“. IMDb. Посетено на 5 февруари 2023.

Надворешни врски

уреди