Кујунџија[1][2] — стар назив за занаетчија златар, кој изработува или менува (модификува) накит и ситни украсни предмети од злато, сребро и други благородни метали. Овој занает е всушност еден вид уметност бидејќи се прават мали украсни предмети за што е потребно: инвентивност, умешност и прецизност. Порано се користеле едноставни алатки и работата најчесто се работела со рака. Во последно време, модерната технологија се користи за обработка на материјали и изработка на украси. Кујунџиите во својата работа користат и разни видови скапоцени камења. Најчести производи на овие занаетчии се: прстени, бурми, обетки, шноли, брошеви, ѓердани, нараквици и слично.

Trinity Pljevlja,Kivot of Abbot Stephen XVI century.jpg
Кујунџија во Тунис
Сцена од претставата Зона Замфирова од 1924 година со приказ на кујунџиски дуќан.

ГравирањеУреди

Покрај изработката на украсни предмети, кујунџиите се занимаваат и со гравура, со гравирање на букви, зборови или цели цртежи на нивните производи (или на производот што им се носи). Во последно време, златарите се занимаваат и со украсување на рачни и џебни часовници или метални запалки. Покрај изработката и обработката на украси и накит, златарите од неодамна се занимаваат и со позлатување или посребрување на накит или некои други предмети. Во кујунџиската работилница или златара, освен изработка на накит, се врши и откуп на стар или искршен накит или купуваат стари сребрени или златни монети (купениот материјал подоцна се користи за преработка и изработка на нови предмети).

Во минатото, кујунџиите ги продавале своите производи на панаѓури и собори или на пазар кога било пазарен ден.[3]

НаводиУреди

  1. „кујунџија“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „кујунџија“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „STARI ZABORAVLJENI ZANATI“. Посетено на 5. 2. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)