Куманија
Куманија е назив кој во средниот век се однесувал на неколку различни територии во источна и средна Европа, како и на средна Азија.
Значење
уреди- Главна статија: Куманска степа.
Називот Куманија или Куманска степа првобитно се однесувал на куманско-кипчачката конфедерација која постоела на исток на Европа и на запад на средна Азија помеѓу 10 и 13 век. Називот Куманија исто така е употребуван како алтернативно име за Златна орда, која постоела помеѓу 13 и 16 век, а која зафаќала слично подрачје како и оригиналната Куманија. Во 13 век, пред создавање на кнежевството Влашка, тоа подрачје е нарекувано Куманија.
Во 11 и 12 век, номадската конфедерација на Куманите со источните Кипчаци, кои биле посебно племе, била доминантна сила на огромна територија која се протегала од денешен Казахстан, јужна Русија, Украина, до јужна Молдавија и источна Влашка. Поради номадскиот начин на живеење на овие луѓе, наведените граници се само приближни, и постојат различни дефиниции за тоа што се означувало како Куманија низ времето. Во зависност од регионот и временскиот период, различни извори користат различни погледи на големината на територијата на Куманите: во византиските, руските, грузиските, ерменските, персиските и муслиманските извори, Куманија била Понтиско-Касписката степа, која се протега до Црно Море и на исток до Касписко Море, при што долините на реките Днепар, Волга, Урал и Иртиш биле погодни за номадското живеење на Куманите. Подоцна, во краток временски период, во западните извори Куманија се однесува на регионот на источна Влашка и јужна Украина, односно регионот на кој се сретнале Куманите со римокатоличките христијани и каде подоцна Куманите од тој регион го прифатиле римокатолицизмот.
Турските имиња со бои се однесуваат на: Бела Куманија била на запад до источна Влашка, а Црна Куманија била на север, и се претспоставува дека се однесувала на реонот на денешна Молдавија.
Етнонимот „Куман“ се однесувал на жител на Куманија, и означувал различна етничка припадност. Се претпоставува дека во најголем број биле племиња кои зборувале туркиски јазици, а конфедерацијата вклучувала и други етнички племиња. Куманија било политичко име на конфедерацијата или државата. Куманите, кога првпат се појавиле во пишани извори, биле претставени како членови на конфедерацијата без разлика на племенската припадност. Племенските имиња исчезнувале кога племето станувало дел од политичката целина. Во делото Историја на Монголците, персискиот историчар Рашид-ал-Дин Хамадани зборува за Куманија во периодот околу 1236–1237 година, за време на монголската инвазија на канот Мунке. Меѓу другото, тој ги споменува племињата Кипчаци, туркофонското племе Аси (најверојатно истото како подоцнежното племе Јаси) и „Караулаги“ (Црни, односно Власи од север).[1]
Големата територија на ова царство на Куманите и Кипчаците, се состоело од слаби врски меѓу племињата кои биле воена доминантна сила, и никогаш не биле обединети во силна централна сила. Куманија не била држава ниту царство во права смисла на зборот, туку различни групи под раководство на независни владетели, или канови, кои делувале по свое видување, и се мешале во политичкиот живот на околните држави: руските кнежевства, второто Бугарско Царство, Византија и Влашкана Балканот, Ерменија и Грузија на Кавказ, и Харезм. Куманите создале можна каста на воини, Мамелуци, кои им служеле на муслиманските Арапи и на турските калифи и султани.
Куманија престанала да постои во средина на 13 век, по големата монголска инвазија на Европа. Во 1223 година, Џингис Хан ги победил Куманите и нивните руски сојузници во Битка на реката Калка (денес во Украина), а последниот удар дошол во 1241 година, кога куманската конфедерација престанала да постои како политички ентитет, а останатите кумански племиња се распрснале, дел станале поданици на монголските освојувачи, како дел од Златната орда, а некои заминале на запад како дел од Византија, од Бугарското Царство, и од Кралство Унгарија.
Унгарија
уредиВо средновековната Унгарија називот Куманија (или Куншаг) се однесувал на две помали управно аутономно подрачја - Голема Куманија (Наѓкуншаг) и Мала Куманија (Кишкуншаг). Кумани на тие простори се населиле во 13 век. Голема Куманија зафаќала подрачје помеѓу Солнок и Дебрецин, а Мала Куманија подрачје помеѓу Калоча и Сегед. Јужниот дел на Мала Куманија се простирал во текот на средниот век и на подрачјето на денешна северна Бачка во Србија.
Во 16-от век овие простори влегуваат во составна Османлиското Царство, чиме со што исчезнале и куманските авутономни територии. Со воспоставување на хабсбуршката управа кон крајот на 17 век, административно се обновуваат Голема и Мала Куманија. Овие територии постоеле сè до втора половина на 19 век, кога се укинати и вклучени во состав на новоформираните жупании Пешт-Пилиш-Шолт-Кишкун и Јас-Наѓкун-Солнок. Денес овие простори се во рамки на Унгарија организирани како окрузи Бач-Кишкун и Јас-Наѓкун-Солнок.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Alexandru D. Xenopol in "Histoire des Roumains', Paris, 1896, i, 168 quotes Rashid-od-Din