Англиска култура

(Пренасочено од Култура на Англија)

Англиска култура — се однесува на карактеристичните културолошки норми на Англија и на Англичаните. Како резултат на доминантната позиција која Англија ја имала во рамките на Обединетото Кралство од аспект на населението, англиската култура најчесто тешко се разликува од културата на Обединетото Кралство како целина. Сепак, постојат неколку културни навики кои се особени само за Англија.

Архитектура и градини

уреди
 
Вестминстерска опатија, Лондон, пример за Англиска готска архитектура
 
Чатсворт хаус, пример за англиската селска куќа опколена од англиска градина

Неолитските народи на територијата од она што подоцна станало Англија, конструирале повеќе импресивни камени кругови и земјени работи. Од овие, најголем и најпознат е Стоунхенџ, за кој многу Англичани и странци, веруваат дека зазема посебно место во пејзажот на Англија. Типично, Англиската архитектура започнува со архитектурата на Англосаксонците; најмалку педесеттина англиски цркви кои се зачувани се од англосаксонско потекло, иако на некои места англосаксонскиот дел е незабежителен и прилично изменет. Речиси сите цркви, освен една која е направена од дрвен материјал, се направени од камен или тула, и во некои случаи постојат докази за користење на претходни римски делови. Архитектонскиот карактер на англосаксонските црковни згради опфаќа разни форми, од архитектурата во раниот период под коптско влијание- влијанието на ранохристијанските базилики па сè до доцнежниот Англосаксонски период со архитектурата што ја карактеризираат пиластер-линиите, белите сводови, отворените столбови и триаголнестите отвори. Речиси ниедна световна градба не останала над површината на земјата.

Другите згради, како катедралите и епархиските цркви се поврзани со чувството на традиционалната Англија, како што се најчесто „раскошните резиденции“. Многу луѓе се интересираат за англиската селска куќа и руралниот животен стил, како што се гледа од посетите на имотите кои се управувани од Англиското наследство и Националната Фондација.

Пејзажното градинарство развиено од Кејпабилити Браун го поставил меѓународниот тренд за англиската градина. Градинарството и посетувањето на градини, се сметаат за типично англиски навики.

Уметност

уреди

Во англиската уметност доминирале странски уметници во поголем дел од ренесансата, но во XVIII век домашната традиција била онаа на која повеќе и се воодушевувале. Најчесто се смета дека е позната по сликањето на пејзажи, како што се делата на J.M.Ф. Тарнер и Џон Констабл. Портретистите како што се Томас Гејнсборо, Џошуа Рејнолдс и Вилијам Хогарт се исто така значајни. Хогарт развил и препознатлив стил на сатирично сликарство.

Кујна

уреди

Уште од раната модерна ера, англиската кијна историски се одликувала со едноставен пристап, верност на вкусот и потпирање врз високиот квалитет на природните состојки. Производ на ваквиот пристап е традиционалната кујна која тежнеела да ги заобиколува силните вкусови како лукот и сложените сосови кои биле најчесто поврзувани со континенталните католички политички склоности. Традиционалните јадења имаат древно потекло, како што се лебот и сирењето, печеното и вареното месо, питите од месо и дивеч како и слатководната и морската риба. Англиската готварска книга од XIV век, Формата на кари, содржи рецепти за сите овие јадења и датира од кралскиот Суд на Ричард II.

Модерната англиска кујна е тешко да се разликува од британската кујна. Сепак, постојат неколку форми на кујни карактеристични само за Англија. Комплетниот англиски појадок е варијанта на традиционалниот британски пржен појадок. Вообичаени состојки на традиционалниот комплетен англиски појадок се сланина, јајца, пржени или гриловани домати, пржени печурки, пржено лепче или тост, како и колбаси, најчесто послужени со шолја чај. Во некои региони се додава крвавица, како и пржени пасирани компири (позната како торта од компири).

Чајот и пивото се типични и доста познати пијалаци, особено чајот. Сокот од јаболки се произведува во западниот дел од земјата, а на југот на Англија повторно се враќаа лозја кои произведуваат кои произведуваат висококвалитетно бело вино на релативно мал простор.

Печеното говедско месо- е храна што традиционално се поврзува со англичаните.- Поврзаноста станала особено позната преку Хенри Филдинг и неговата патриотска балада „Печеното говедско на Стара Англија“ како иистоимената слика од Вилијам Хогарт. Исто така, од 1700-тата фразата „les rosbifs” е популарен француски прекар за Англичаните.

Англија произведува стотици регионални сирења, меѓу кои:

  • Чедар сирење
  • Стилтон сирење
  • Винследел сирење
  • Ленкшир сирење
  • Дорсет Вини синото сирење
  • Чешир сирење
  • Дабл Глостер сирење
  • Ред Лестер
  • Блу (Сино) сирење

Други јадења измислени во Англија или карактеристични за Англија се следните:

  • Англиската питулица е вид на питулица, која се разликува од нејзиниот шкотски еквивалент по изразената тенкост.
  • Мафинс (гурабии), познати како “англиски мафинс“ во Северна Америка, се вид на тркалезно киснато лепче
  • Ланкширската тава со овчо месо
  • Корнволска баничка
  • Кашест грашок
  • Вустерширски сос
  • Густ крем од Девон и Корнвол
  • Јоркширски пудинг
  • Колбас и пире
  • Екелшки колач
  • Камберлендски колбас
  • Линколнширски колбас
  • Балти, вид на кари по потекло од Бирмингем
  • Пита со јаболки

Фолклор

уреди

Англискиот фолклор е народна традиција која се развивала во Англија низ вековите. Англија изобилува со фолклор, во сите форми, од класични манифестации како полуисториските приказни за Робин Худ, до современите урбани митови и видови на криптозоологија како што се Чудовиштето од Бодмин Мур. Познатите Артурови легенди можеби не потекнуваат од Англија, но варијанти од овие приказни се поврзуваат со локации во Англија, како што се Гластонбери и Тинтагел.

Примери за народни обичаи кои опстанале се Морисовиот танц и сродните Аботс Бромлиевиот танц со рогови и глумечките маскирани игри. Во многу, најчесто рурални места, луѓето се собираат на мајските фестивали каде на Први мај го слават почетокот на летото. На овој ден традиционално децата од околината го прескокнуваат мајскиот столб - голем столб подигнат на селската ливада - (во минатото дрвото се сечело специјално) и секое носело обоена лента па на крај се добивало повеќебојна испреплетена декорација. На фестивалот традиционално се играл Морисовиот танц и разни други веселби, кои кулминирале со крунисувањето на “Мајската кралица“. Постојат многу различни регионални варијации на фестивалите, а најстарата која до ден денес се практикува е фестивалот „Оби-Оз“ од Педстоу, кој датира дури од XIV век.

Утописката визија за традиционална Англија понекогаш се нарекува на Веселата Англија.

Право

уреди

Англиското право е правниот систем на Англија и Велс. Благодарение на Британската Империја, било распострането низ светот: тоа е основата на обичајното право, правосудството на повеќето земји од Комонвелот, а англиското право од пред Американската револуција сѐ уште е дел од правниот систем на Соединетите Американски Држави, освен во Лузијана, и ја претставува основата на многу американски правни традиции и принципи, иако нема претходно истисната судска надлежност.

Литература

уреди

Англиската литература започнува со англосаксонската литература, која била напишана на старо-англиски. Латинскиот и францускиот јазик долго време биле претпочитани литературни јазици во Англија, но во средновековниот период дошло до процут на литературата на средноанглиски јазик; Најпознатиот писател од овој период е Џефри Чосер. Елизабетанската ера понекогаш се опишува како златното доба на англиската литература, бидејќи бројни значајни поети пишували на англиски јазик, а елизабетанскиот театар го создаде Вилијам Шекспир, кој често се смета за национален поет на Англија.

Како резултат од експанзијата на англискиот јазик во светски јазик за време на Британската Империја, литературата сега се пишува на англиски јазик низ целиот свет. Писателите кои најчесто се поврзуваат со Англија или со изразувањето на англискиот дух ги вклучуваат Шекспир (кој создал две тетралогии на историски драми за англиските кралеви), Џејн Остин, Арнолд Бенет и Руперт Брук (чија поема „Грантчестер“ најчесто се смета за типично англиска). Други писатели се поврзуваат со посебни региони од Англија; тука спаѓаат Чарлс Дикенс (Лондон), Томас Харди (Весекс), А.Е.Хаусман (Шропшир) и „Езерските поети“. Мистериозните романи на Агата Кристи се надминати во продажба единствено од Шекспир и Библијата.

Музика

уреди

Англија има долга и богата музичка историја. Како и во повеќето европски држави, и во Обединетото Кралство се случи оживување на корените во втората половина на XX век. Англиската музика беше клучен и водечки дел оод оваа појава, што кулминираше кон крајот на шеесеттите и седумдесеттите години.

Придобивките на англиската хорска традиција по стапките на композиторите од XVI век како Томас Талис, Џон Таверн и Вилијам Берд најчесто ја засенуваа инструменталната композиција. Полуоперските иновации на Хенри Персел не доведоа до национална оперска традиција, но Георг Фридрих Хендл најде поддршка кај значајни кралски патрони и ентузијастичката публика во Англија. Восхитувачките приеми од страна на масите при гостувања на славни музичари како Хајдн, најчесто биле спротивни на недоволното препознавање на домашен талент. Сепак, појавата на ликови како Едвард Елгар и Артур Саливан во XIX век покажаа една нова виталност во англиската музика. Во XX век, Бенџамин Бритн и Мајкл Типет се појавија како оперски композитори кои беа меѓународно препознатливи,а Ралф Вон Вилијамс и други собираа англиски народни песни и ги адаптираа за изведба во концертните сали. Сесил Шарп беше водечката фигура во оживувањето на англиската фолклорна музика.

Најпосле, се појави нов тренд во Ливерпул во 1962. Битлси станаа најпознатите музичари во тоа време, и преку композиторското дуо на Џон Ленон и Пол Макартни, го популаризираа концептот на самостојно музичко дело. Пред Битлсите, многу малку познати музичари самите ги компонираа мелодиите кои ги изведувале. „Фантастичната четворка“ ги отвори вратите кон светот и за други англиски групи, како Ролинг Стоунс, Кинкс, Холис, Квин, Лед Цепелин, Блек Сабат и Пинк Флојд.

Религија

уреди

Во пописот од 2001 г, малку повеќе од 37 милиони луѓе во Англија и Велс јавно се изјасниле како христијани. Од Англиската реформација во XVI век, кога Англија се осамостоила од Рим, англиските христијани претежно се припадници на Црквата на Англија (огранок на Англиканската Заедница), облик на христијанството кое е истовремено реформирано и католичко. Молитвеникот е основната молитвена книга на црквата на Англија, заменувајќи ги различните латинските литургии на римо католичката црква, и црквата на Англија функционира како официјална црква на Англија. Двете цркви, Црквата на Англија и Католичката црква во Англија и Велс, формално датираат од августинската мисија кај англичаните. Денес, повеќето луѓе кои ја применуваат организираната религија се припадници, барем номинално, на Црквата на Англија. Други битни христијански вероисповести се римокатолиштвото и методизмот (кој самиот по себе потекнува од движење во Англиканската црква). Цркви кои потекнуваат од Англија се Методистичката црква, Квекерите, и Армијата на спасот.

Еврејската емиграција уштте од XII век значи дека дека постои интегрирано еврејско англиско население, претежно во урбаните подрачја. Со пописот од 2001 година во Англија и Велс се документирани 252,000 Евреи, но сепак ова претставува опаѓање од 50% низ изминативе 50 години, како последица на емиграцијата и мешаните бракови. Имиграцијата во Британијата од Пакистан и Индија од 1950 наваму значи дека голем број луѓе кои живеат во Англија го практикуваат исламот (818.000), хиндуизмот (467,000) или сикизмот (301,000) ; Сепак, пописот покажува дека приврзаниците на овие религии на овие религии е поверојатно да се сметаат себеси повеќе како Британци отколку Англичани. Пописот од 2001 исто така покажа дека околу 7 милиони луѓе , односно 15% од Англичаните не се припадници на ниедна религија.

Јазик

уреди

Англичаните традиционално го говорат англискиот јазик, кој припаѓа во групата на Западно-германски јазици. Модерниот англиски јазик се развил од старо-англискиот , со лексичко влијание од нормандскиот, латинскиот и старонордискиот. Корнскиот, келтски јазик кој потекнува од Корнвол, во моментов го говорат околу 3.500 луѓе. Низ историјата, друг бритонски-келтски јазик, камбрискиот, се зборувал во Камбрија во севернозападна Англија, но изумрел во XI век иако сè уште може да се најдат траги во камбрискиот дијалект. Како последица од геополитичката доминација на Британската Империја во XIX век и хегемонијата на САД по Втората светска војна, англискиот стана меѓународниот јазик на бизнисот, науката, комуникациите, воздухопловството и дипломатијата.

Наука

уреди

Англичаните имааат значајна улога во развојот на науките. Видни имиња се Исак Њутн, Френсис Крик, Абрахам Дарби, Мајкл Фарадеј, Чарлс Дарвин, Џозеф Свон и Френк Витл.

Спорт и слободни активности

уреди

Постојат многу спортови кои биле кодифицирани од англичаните, па потоа се распостраниле ширум светот како што се бадминтон, крикет, фудбал, хокеј на трева, тенис , рагби лигата, рагби унијата, пинг-понг, и трките со коњи. Кон крајот на XIX век, англиска игра слична на безболот била пренесена во американските колонии, каде прераснала во безбол. Фудбалот, крикетот, рагби унијата и рагби лигата се сметаат за национални спортови на Англија.

Англија, и другите држави на Обединетото Кралство, се натпреваруваат како одделни нации на некои меѓународни спортски настани, особено во фудбалот, крикетот и рагбито. Англискиот крикет тим всушност ја претставува Англија и Велс. Сепак, на Олимписките игри, Англија се натпреварува како дел од тимот наВелика Британија. Денес е поверојатно поддржувачите да го носат знамето со крстот на Свети Џорџ, додека пак пред дваесеттина години би било поважно британското знаме. Во натпис на „Дејли Мирор“ од 17 септември 2005година, Били Браг вели „Гледајќи ја толпата на Трафалгар Сквер како ја прославува победата во Д Ешс, не можев а да не се изненадам како брзо знамето на Свети Џорџ го замени знамето на Унијата кај англиските обожаватели. Пред една генерација, англиските натпревари наликуваа многу на Последната вечер на променадите, со црвено, бело и сино цврсто убедливо во предниот дел. Денес се чини,- дека , Англичаните почнуваат да се сеќаваат кои се тие всушност“.

Фудбалот има постојана популарност ширум земјата и најчесто е показател за трендовите во пошироката култура во Англија, како и во облекувањето и музиката. Порастот на хулиганството меѓу фудбалските навивачи во 1970-те и 1980-те може делумно да се препише на паралелниот пораст на невработеноста. Кога Англија, како и Британија, во доцните 1990-ти години се вратија во побогата и постабилна финансиска положба, насилничката фудбалска култура се трансформираше во култура каде беа добродојдени семејствата, а национализмот ја загуби насилничката острина.

Различните спортови директно ги претставуваат различните социјални класи во Англија. Рагби лигата, на пример, традиционално се поврзува со индустриските гратчиња во северозападна Англија, додека крикетот и рагби унијата го носат нивното потекло од приватните училишта од XVIII и XIX век.

Сепак, од освојувањето на светскиот куп на рагби во 2003, спортот оживува со популарност ширум светот низ класниот систем. Исто така, после победата на Ешс во 2005 година, крикетот се здобива со популарноста која ја загуби во 1990-тите.

Тенисот е исто така еден од поважните спортови во Англија. Еден од најпрестижните турнири во тенис е Вимблдон кој се одржува во Англија.

Симболи

уреди

Англиското знаме е црвен крст на бела позадина, наречен Крстот на Свети Џорџ. Било прифатено по Крстоносните војни. Свети Џорџ, подоцна попознат како убиец на змејови, е исто така и светец-заштитник на Англија. Трите златни лавовина на црвена позадина биле знамето на кралевите на Англија произлезено од нивниот статус како Војвода, од Нормандија, а сега се користи да го претставува англиската фудбалска репрезентација и англиската крикетна репрезентација, но повеќе во сино отколку во златно. Англискиот даб и тјудорската роза се исто така англиски симболи, а розата (но во посовремена верзија) се користи од англискиот национален рагби тим.

Англија нема официјална химна, но во моментов се користи „Бог да ја чува Кралицата“ на Обединетото Кралство. Понекогаш се користат и други песни, како што се „Земја на Надеж и Слава“ (користена како химна на Англија во федеративните игри), „Ерусалим“, „Владеј Британијо“ . Одредени групи се залагаат за прогласување на официјална англиска химна во Шкотска и Велс.