Камбрија
Камбрија (англиски: Cumbria) ― церемонијална грофовија во Северозападна Англија. На север се граничи со шкотските управни области Дамфрис и Галовеј и Шкотски Граници, на исток со Нортамберленд и грофовијата Дарем, на југоисток со Северен Јоркшир, на југ со Ланкашир и на запад излегува на Ирско Море. Најголем град во Камбрија е Карлајл.
Камбрија | |
---|---|
Церемонијална грофовија | |
Езерото Дервентвотер во Лејк Дистрикт, кула на тврдината во Карлајл и брегот во Сент Бис | |
Местоположба на Камбрија во рамките на Англија | |
Држава | Обединето Кралство |
Составна држава | Англија |
Регион | Северозападна Англија |
Основана | 1 април 1974 |
Час. појас | Средно време по Гринич (UTC±00:00) |
• Лето (ЛСВ) | Британско летно време (UTC+01:00) |
Најголем град | Карлајл |
Грофовијата е претежно рурална, со површина од 6769 км2 и со население од 500.012 жители; според ова Камбрија е трета по површина церемонијална грофовија во Англија. По Карлајл (74.281), најголеми градови се Бароу-ин-Фернес (56.745), Кендал (29.593) и Вајтхејвен (23.986). За потребите на локалната самоуправа, грофовијата е поделена на две области: Вестморленд и Фурнес и Камберленд.[1] Камбрија е создадена во 1974 година од историските окрузи Камберленд и Вестморленд, областа Фурнес во Ланкашир и мал дел од Јоркшир.
Камбрија е позната по природната убавина и има многу заштитени области; Во Камбрија се наоѓа националниот парк Лејк Дистрикт и подрачјето со исклучителна природна убавина (AONB) Солвеј Кост и делови од националниот парк Јоркшир Дејлс, Арнсајд и Силвердејл и Северните Пенини. Сите тие ги штитат планините, езерата и крајбрежјето на грофовијата, вклучувајќи го и Скафел Пајк, која со 978 метри е највисока планина во Англија и Виндермир најголемо езеро по волумен во Англија.
Грофовијата има неколку неолитски споменици, како што е Мајбург Хенџ. Грофовијата се наоѓала на границата со Римска Британија, а Адријановиот ѕид минува низ северниот дел од грофовијата. Во раниот среден век, делови од регионот им припаѓале на Регед, Нортамбрија и Стратклајд, а била и под владение на Викинзите. Потоа била граница меѓу Англија и Шкотска која не била решена до Сојузот на круните во 1603 година. За време на Индустриската револуција, на јагленовото поле во Камберленд се развило рударството, а Бароу-ин-Фернес станал центар за бродоградба. Сепак, Камбрија не била многу индустријализирана, а Лејк Дистрикт станал ценет поради живописната природа, најмногу од езерските поети.
Име
уредиИмињата Камбрија и Камберленд значат „земја на Камбријците“ и се изведени од терминот кој го користеле жителите на областа за да се идентификуваат себеси. Во периодот од ок. 400 – ок. 1100, се смета дека секоја група луѓе кои живееле во Британија и кои се идентификувале како „Британци“ себеси се нарекувале со име слично на кам-ри („Cum-ri“) што значи „земјаци“ (а исто така опстоило и велшкото име за Велс, Кимру).[2] Првиот запис за Камберленд е во Англосаксонската хроника од 945 година.[3] Овој запис се однесува на кралството на Англосаксонците познато како Камберленд (често познато и како Стратклајд), кое во 10 век се смета дека се протегало од Лох Ломонд до Лидс.[4] Прв крал кој недвосмислено е опишан како крал на Камбријците е Овејн Ап Дифнвал, кој владеел од ок. 915 – ок. 937.[5]
Галерија
уреди-
Брегот на Сент Бис
-
Камениот ѕид Кеслриг
-
Резерватот Тирлмер
-
Опатијата во Фурнес
-
Замокот Мункастер
Познати луѓе
уреди- Беатрикс Потер
- Катерина Пар
- Кристин Мекви
- Доналд Кембел
- Флечер Кристијан
- Џорџ Ромни
- Џон Далтон
- Џон Раскин
- Роберт Саути
- Семјуел Тејлор Колриџ
- Стен Лорел
- Томас Де Квинси
- Вилијам Вордсворт
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Names for two controversial Cumbria councils revealed“. BBC News. 5 November 2021. Архивирано од изворникот на 24 November 2021. Посетено на 24 November 2021.
- ↑ Tim (30 July 2011). „Terminology topics 5: Cumbria“. Senchus (англиски). Посетено на 5 January 2022.
- ↑ „Cumberland :: Survey of English Place-Names“. epns.nottingham.ac.uk. Посетено на 5 January 2022.
- ↑ Molyneaux, George (2015). The Formation of the English Kingdom in the Tenth Century (First. изд.). Oxford, United Kingdom: Oxford University Press. ISBN 978-0-19-871791-1. OCLC 898531165.
- ↑ Phythian-Adams, Charles (1996). Land of the Cumbrians : a study in British provincial origins, A.D. 400-1120. Aldershot, England: Scolar Press. ISBN 1-85928-327-6. OCLC 35012254.
Надворешни врски
уреди- Камбрија на Ризницата ?
- Камбрија na Енциклопедија Британика