The Hollies
The Hollies (транскрипција: Холис) ― англиска рок- и поп-група основана Манчестер во 1962 година. Се сметаат за една од најуспешните британски групи од 1960-тите и биле познати по нивниот карактеристичен триделен стил на вокална хармонија.
The Hollies | |
---|---|
The Hollies во 1964 Од лево на десно: Ерик Хејдок, Алан Кларк, Греам Неш, Тони Хикс, Боби Елиот | |
Животописни податоци | |
Потекло | Манчестер, Англија |
Жанрови | |
Период на активност | 1962 | –денес
Издавачи | |
Мреж. место | hollies.co.uk |
The Hollies, заедно со Ролинг стоунс, се една од малкуте британски групи основани во раните 1960-ти што никогаш не се распаднале и кои продолжуваат да снимаат и настапуваат. Како признание за нивните достигнувања, The Hollies биле примени во Куќата на славните на рокенролот во 2010 година.[1]
Историја на групата
уредиОсновање и почетоци (1962–1963)
уредиГрупата била основана од долгогодишните пријатели Алан Кларк и Греам Неш, кои заедно учеле во основно училиште во Манчестер и пред да ја основаат групата The Hollies биле дел од неколку месни групи.[2][3][4] Името на групата било избрано во чест на американскиот рокер Бади Холи, кој бил нивна голема инспирација.[5][6]
На почетокот The Hollies биле во состав: Алан Кларк (пејач), Греам Неш (гитара и пратечки вокал), Ерик Хејдок (бас-гитара), Тони Хикс (соло-гитара) и Дон Ратбоун (тапани). Во јануари 1963 година, The Hollies настапиле во клубот Каверн во Ливерпул, каде што беа забележани од помошникот продуцент на Parlophone, Рон Ричардс, кој бил вклучен во продукцијата на првата сесија од Битлси.[2] По успешната аудиција, Ричардс им понудил договор. Тој не само што продолжил да продуцира за групата до 1976 година и уште еднаш во 1979 година, туку една песна од аудицијата, преработка на синглот од Coasters од 1961 година „(Ain't That) Just Like Me“, бил објавен како нивен деби-сингл во мај 1963 година и се искачил на 25-то место на британската топ-листа за синглови.
Подем и заминувањето на Греам Неш (1964–1969)
уредиПо објавувањето на „Just Like Me“, The Hollies објавиле уште неколку успешни синглови, вклучувајќи ги: „Stay“, „Just One Look“, „Here I Go Again“ и „Yes I Will“.
На меѓународната музичка сцена се пробиле со песната „Bus Stop“ кој бил нивен прв сингл кој се пласирал во првите десет во САД и станал огромен хит. Групата продолжила да издава успешни песни како: „Carrie Anne“ (1967),[7] „On a Carousel“ (1967), и „Jennifer Eccles“ (1968).[8] Музиката на The Hollies во овој период се карактеризирала со комбинација на поп рок звук и нивните препознатливи вокални хармонии.
Во август 1968 година, Hollies ја снимиле песната „Listen to Me“ (напишана од Тони Хазард) што се покажало како последна сесија за снимање на Неш со Hollies; тој официјално ја напуштил групата на 8 декември 1968 година за да се пресели во Лос Анџелес, каде што планирал да стане првенствено текстописец. Неш за списанието Disc изјавил: „Не можам да издржам повеќе турнеи. Само сакам да седам дома и да пишувам песни. Не ми е гајле што мислат од остатокот од групата“.[9] Откако се преселил во Лос Анџелес, тој со поранешниот гитарист од Buffalo Springfield, Стивен Стилс и со поранешниот пејач и гитарист од The Byrds, Дејвид Крозби, ја формирале една од првите супергрупи, Crosby, Stills & Nash.
По заминувањето на Неш, групата го ангажирала Тери Силвестер, кој ја презел улогата на пејач и гитарист.
1970-ти
уредиThe Hollies продолжиле со успесите во раните 1970-ти, а нивната песна „He Ain't Heavy, He's My Brother“ (1969), за која на пијано свирел Елтон Џон, станала една од нивните најпопуларни и најпознати песни. Песната не само што станала хит во Велика Британија, туку исто така имала голем успех во САД и во многу други земји. На следниот сингл од The Hollies, „I Can't Tell the Bottom from the Top“, младиот Елтон Џон повторно свирел на пијано и стигнала до 7-мо место во Обединетото Кралство и се пласирала на топ-листите во дванаесет други земји.
The Hollies потпишале со Polydor за ОК/Европа во 1972 година.
Во 1972 година, групата имала уште еден светски хит со песната, испирарана од Creedence Clearwater Revival, „Long Cool Woman in a Black Dress“.[10] Тие исто така издале и неколку успешни албуми како: Distant Light, Romany, Out on the Road (1973).
Во 1974 година тие го имале нивниот последен голем хит-сингл во САД и Велика Британија со љубовната песна „The Air That I Breathe“ (претходно снимена од Хамонд и Фил Еверли на неговиот соло албум од 1973 година. Star Spangled Springer).[11] Синглот „Another Night“, продуциран од Алан Парсонс, кој бил издаден по гореспоменатиот сингл, се појавил на Билбордовата топ-листа за најпродавани рок-синглови (32-ро место) на 28 јули 1975 година и стигнал до 71-во место на Hot 100.[12][13]
По неуспешниот сингл во Америка, „4th of July, Asbury Park“, напишан од Брус Спрингстин, Epic се откажале од Hollies во САД, комбинирајќи ги нивните два албума од 1976 година во нивното последно американско издание за таа деценија, Clarke, Hicks, Sylvester, Calvert, Elliott.
Пад на популарноста и ренесанса (1980–1990)
уредиКон крајот на 1970-тите и почетокот на 1980-тите, популарноста на The Hollies почнала да опаѓа со појавата на новите музички трендови како панк и новиот бран (new wave). Иако не биле доминантни како порано, тие продолжиле да настапуваат и да издаваат албуми.
Во мај 1981 година, Калверт и Силвестер ја напуштиле групата. Набргу потоа, Алан Коутс се приклучил на групата на ритам-гитара и високо хармонични вокали.
Греам Неш се вратил во групата за снимањето на песната, „Somethin' Ain't Right“, на 10 септември 1982 година, што довело до издавање на албум за повторно обединување со него, What Goes Around.... Неш продолжил да се појавува со Hollies до почетокот на 1984 година, кулминирајќи со последниот хит на Hollies во Топ-40 во САД, римејк на песната од Supremes „Stop in the Name of Love“.
The Hollies продолжиле со турнеи и концерти во текот на 1980-тите.
1990-ти – денес
уредиВо 1993 година, Hollies ја прославиле 30-годишнината од основањето на групата со компилациски албум, The Air That I Breathe: The Very Best of the Hollies. Греам Неш повторно се здружил со Холис за да сними нова верзија од песната „Peggy Sue Got Married“ која содржела претходно снимени водечки вокали од Бади Холи.
Во 1995 година The Hollies ја добиле наградата Ајвор Новело за исклучителен придонес во британската музика.
Алан Кларк се повлекол од музиката во февруари 2000 година. Тој бил заменет од Карл Вејн, поранешен пејач на Move. По смртта на Вејн од рак во август 2004 година, тој бил заменет од Питер Хауарт . Набргу потоа, Алан Коутс ја напуштил групата и бил заменет со Стив Лаури.
Во 2006 година, The Hollies биле примени во „Куќата на славните вокални групи“. Во 2010 година, групата била примена во Куќата на славните на рокенролот.[1][14]
Оригиналниот басист Ерик Хејдок починал на 5 јануари 2019 година на 75-годишна возраст.[15]
Во текот на 2021 година, биле објавени две нови книги кои детално ја опишуваат историјата на групата. Во автобиографијата од Боби Елиот, It Ain't Heavy, It's My Story, тој раскажува за групата од негова перспектива. Другата книга ја напишал писателот Малколм С. Сирлес, насловена како Riding the Carousel, и на 600 страници ја опишува целокупната историја на групата.
Членови на групата
уреди- Тони Хикс – главна гитара, придружен вокал (1963–денес)
- Боби Елиот - тапани (1963-денес)
- Реј Стајлс – бас (1986–1990, 1991–денес)
- Ијан Паркер - клавијатури (1991-денес)
- Питер Хауарт – пејач, ритам-гитара (2004–денес)
- Стив Лаури – ритам-гитара, придружни вокали (2004–денес)
Дискографија
уреди- Stay with the Hollies (1964)
- In the Hollies Style (1964)
- Hollies (1965)
- Would You Believe? (1966)
- For Certain Because (1966)
- Evolution (1967)
- Butterfly (1967)
- Hollies Sing Dylan (1969)
- Hollies Sing Hollies (1969)
- Confessions of the Mind (1970)
- Distant Light (1971)
- Romany (1972)
- Out on the Road (1973)
- The Hollies' Greatest Hits (1973)
- Hollies (1974)
- Another Night (1975)
- Write On (1976)
- Russian Roulette (1976)
- A Crazy Steal (1978)
- Five Three One-Double Seven o Four (1979)
- Buddy Holly (1980)
- What Goes Around... (1983)
- Staying Power (2006)
- Then, Now, Always (2009)
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 The band's lineup in the Hall of Fame includes only the seven band members from 1964 through 1971. The most famous member during this time was Graham Nash, who went on to form Crosby, Stills & Nash in the US. Letterman update The Boston Globe, 17 December 2009
- ↑ 2,0 2,1 Dawn Eden, 30th Anniversary essay, March 1993, in 30th Anniversary Collection.
- ↑ Dawn Eden, 30th Anniversary essay, March 1993, in 30th Anniversary Collection.
- ↑ Gray, Oliver (28 April 2020). „It Ain't Heavy It's My Story: My Life in the Hollies by Bobby Elliot – book review“. Louder Than War. Посетено на 16 May 2020.
- ↑ Kerns, William (14 March 2009). „Holly's influence will not fade away“. Lubbockonline.com. Посетено на 18 May 2011.
- ↑ 2009 Graham Nash Reflections :: Introduction to autobiographical liner/CD booklet
- ↑ „Go-Set national chart, 9 Aug. 1967“. Poparchives.com.au. 9 August 1967. Посетено на 18 May 2011.
- ↑ „'Go-Set', national Top 40, 8 May 1968“. Poparchives.com.au. 8 May 1968. Посетено на 18 May 2011.
- ↑ DISC magazine article reproduced in the Hollies tour book 2004
- ↑ „Go-Set National Top 40, 20 September 1972“. Poparchives.com.au. 30 September 1972. Посетено на 18 May 2011.
- ↑ „'Go-Set', national Top 40, 1 June 1974“. Poparchives.com.au. 1 June 1974. Посетено на 18 May 2011.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ "Congratulations to the 2010 Rock and Roll Hall of Fame Inductees!" Архивирано на 17 јануари 2010 г. Rockhall.com, 17 December 2009
- ↑ „Eric Haydock, Original Hollies Bassist, Dies“. Best Classic Bands (англиски). 2015-07-01. Посетено на 2019-07-19.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- The Legends of the Sixties Архивирано на 27 јули 2011 г.
- Scandinavian Hollies site
- Rock and Roll Biographies. (2000). The Hollies
- The Hollies interviewed on the Pop Chronicles (1969)
- Riding the Carousel
- The Hollies на Семрежната филмска база на податоци (англиски)