Кула (Песочани)
„Кула“
| |
Местоположба | 41°19′26″N 20°47′50″E / 41.32389° СГШ; 20.79722° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Песочани |
Општина | Дебрца |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
среден век | |
Портал „Археологија“ |
Кула — археолошко наоѓалиште во охридското село Песочани, Општина Дебрца. Претставува утврдена населба од доцноантичко време и средниот век.
Се наоѓа на околу 500 м источно од селото, на левиот брег на реката Сатеска, северно и североисточно од Новоселско и Песочанско Поле. Претставува особено доминантен рид кој на североисточната страна е поврзан со ред пониски ритчиња означени со заедничкото име Габер. Зарамнетиот дел бил утврден со тврдински ѕид, најверојатно од времето на доцната антика па сè до развиениот среден век.[1]
По површината се забележуваат грамади од камења кои се од урнати градби градени од кршен камен, тули и варов малтер. Има и податоци за ѕидови градени од камен и кал. Присутна е и фрагментирана садова и градбена керамика. Во југоисточното подножје на ридот се забележуваат остатоци од други градби.[1]
Се претпоставува дека на ова место бил подигнат стариот средновековен град Дебрец.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 273. ISBN 9989-649-28-6.