Кројцбург
Кројцбург (германски: Creuzburg) — град на реката Вера, во округот Вартбург, во Тирингија, Германија.
Кројцбург | |
Замок Кројцбург | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Тирингија |
Округ | Вартбург |
Општ. заед. | Хајних-Вератал |
Градоначалник | Арнт Бројштет |
Основни податоци | |
Површина | 35,33 км2 |
Надм. височина | 200 м |
Население | 2.597 (30 јуни 2005) |
- Густина | 74 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | WAK |
Пошт. бр. | 99831 |
Повик. бр. | 036926 |
Портал | www.creuzburg-online.de |
Местоположба на градот Кројцбург во рамките на округот Вартбург | |
Координати | 51°3′5″N 10°14′41″E / 51.05139° СГШ; 10.24472° ИГД |
Историја
уредиСо историја стара над 1000 години, Кројцбург е еден од најстарите градови во Тирингија. Ридот во околината на градот чува населба која се појавила во времето на каролиншката ренесанса. Почетоците на населбата, на која подоцна се издигнал замокот се последица на неговата положба на главните патишта. Старите трговски патишта исток-запад се сретнувале на Вера со трговскиот пат од југ. Во 10 и 11 век, областа била под контрола на Опатијата Фулда.
Во 1137, градот паднал под контрола на династијата Лудовинг од Тирингија. Ландгрофот Лудвиг I го припоил како замена за земјите кои ги држел во Хесен. Препознаен како место со стратешко и економско значење за областа, неговите наследници ја подобриле областа. Ландгрофот Херман I започнал со изградбата на замокот на ридот и им дозволил на фармерите во областа да изградат населба под ридот. Во 1213, Кројцбург ги добил правата на град. Бил донесен грб на градот, а бил изграден и градскиот бедем. Соседниот град Шербда, кој сега е дел од Кројцбург, бил првпат споменат како населба околу 1229.
Најдобрите времиња во Кројцбург биле во владеењето на ландгрофот Лудвиг IV и неговиот син Херман II. По венчавката на Лудвиг со ќерката на кралот на Унгарија, Елизабета, која сега е позната како Светица Елизабета Унгарска, замокот Кројцбург станал втора резиденција на грофовите од Тирингија (по Вартбург). Во овој период биле одбележани многу фестивали, а во овој период биле родени и децата на двојката. Лудвиг го преуредил замокот и го изградил првиот камен мост преку Вера за обезбедување на трговските патишта. Пред да замине за Крстоносните војни во 1227 организирал собир на благородниците од Тирингија во замокот.
Лудвиг никогаш не се вратил. Неговиот брат Хајнрих Распе се прогласил за регент во текот на детството на синот на Лудвиг, Херман II. Елизабета ја напуштила Тирингија и се преселила во Хесен, каде подоцна и умрела во Марбург. Кога станал возрасен, Херман го започнал своето владеење како ландгроф на Тирингија и Хесен. Замокот Кројцбург останал негова резиденција до неговата неочекувана смрт на 18 годишна возраст. Неговиот чичко и единствен наследник Хајнрих Распе го користел само Вартбург како негова резиденција. Ова било како за градот Кројцбург, така и за замокот, крај на добрите времиња. Во следните векови тонел во економска и културна анонимност.
Туризам
уредиЗамокот Кројцбург, кој бил резиденција на династијата Лудовинг и омилен место за посета на Елизабета од Тирингија, е една од најважните знаменитости во градот. Исто така, во Кројцбург се сместени едни од најстарите мостови северно од Мајна.
Стопанство
уредиПокрај неколкуте хотели и ресторани во Кројцбург е сместено и седиштето на компанијата Pollmeier Massivholz GmbH & CO. KG, која се занимава во дрвната индустрија.
Сообраќај
уредиПознати луѓе
уреди- Лудвиг IV од Тирингија (1200–1227), гроф на Тирингија
- Елизабета од Тирингија (1207–1231), жена на Лудвиг IV
- Михаел Преториус (1571–1621), композитор
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Кројцбург“ на Ризницата ? |
- Fremdenverkehrsverein Creuzburg e.V. ((германски)
- Историјата на градот Архивирано на 20 октомври 2006 г. ((германски)
- Неофицијална страница за градот Архивирано на 27 мај 2013 г. ((германски)
- Галерија од сликиАрхивирано на 29 септември 2011 г. ((германски)
- Панорамски поглед на градот Архивирано на 19 октомври 2006 г. ((германски)