Вера (герм. Werra) — река во средна Германија, една од двете изворни реки на Везер. Извира кај Ајсфелд во јужниот дел на покраината Тирингија. Долга е 293 км, по што се спојува со реката Фулда во Хановерски Минден, образувајќи го Везер.

Вера
Werra
Течение на реката Вера
Место Тирингија, Хесен, Долна Саксонија)  Германија
Должина 299,6 км [1]
Извор на Езелсберг и Блесберг
50°29′59″N 10°57′53″E / 50.4997° СГШ; 10.96478° ИГД / 50.4997; 10.96478
Висина на изворот 797 м над м.н.
Утока спој со Фулда
во Хан. Минден, образувајќи го Везер
51°25′16″N 9°38′57″E / 51.42097496° СГШ; 9.6491679° ИГД / 51.42097496; 9.6491679
Висина на утоката 116,5 м над м.н.
Спуст 680,5 м
Слив Везер
Одлив Везер → Северно Море
Слив 5.496 км2dep1
Истек[2] Просечен среден:  
14,0 м3Мајнинген
23,6 м3Фаха
30,9 м3Герстунген
40,6 м3Франкенрода
46,5 м3Алендорф
51,2 м3Хан. Минденdep1
Десни притоки Шлојзе, Хазел, Херзел
Леви притоки Улстер, Фелда, Вере
Помали градови Мајнинген,
Ајзенах, Ешвеге,
Хан. Минден
Паланки Бад Залцунген, Фаха, Кројцбург, Трефурт
Поважни мостови „Фаха“,
„Кројцбург“, „Хершел“
Пловност 89 км; на места моторни чамци, но не насекаде

Долината на Вера претставува природна граница помеѓу масивот Рен и Тириншката Шума. Забележителности во ова место се шумата Ајбен кај Дермбах, „пештерата од приказните“ кај Валдорфд, најдлабокото езеро во Германија образувано со спуштање на тлото (кај Бернсхаузен) и рушевините на замокот „Крајенбург“ (VIII век).

Населени места

уреди

По течението на Вера се среќаваат следниве поважни населени места: Хилдбургхаузен, Мајнинген, Бад Залцунген, Тифенорт, Меркерс-Кизелбах, Херинген, Филипстал, Герстунген, Ванфрид, Ешвеге, Виценхаузен и Хан. Минден.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Messung über Geopfad (kmz, 66 кБ). Die Werte von 292,1 km (ohne Quellbäche) bzw. 298,7 km (über Quelle am Eselsberg) wurden um 0,9 km nach oben korrigiert, da laut hessischer Stationierung die Ulstermündung an km 161,6 liegt, im Geopfad jedoch an 160,7.
  2. Хидролошки прирачен годишник „Везер-Емс“ за 2005 г. - PDF, 6,7 МБ (германски)

Надворешни врски

уреди