Кронштатски бунт

(Пренасочено од Кронштатскиот бунт)

Кронштатскиот бунт претстaвува неуспешно востание против болшевичката власт во Русија во март 1921 година. Бунтот избувнал во Кронштат, поморска база во близината на Санкт Петербург[1].

Кронштатски бунт
Дел од Руска граѓанска војна

Црвената армија во напад на Кронштат
Датум 7 март - 17 март 1921
Место Кронштат, Русија
Исход Победа на болшевиците
Завојувани страни
Советска балтичка флота

Војници од Кронштат

 Руска СФСР
Команданти и водачи
Степан Петриченко
Александар Козловски
Руска СФСР Михаил Тухачевски
Руска СФСР Лав Троцки
Сила
прв: 11.000, втор: 17.961 прв: 10.073, втор: 25.000-30.000
Жртви и загуби
c. 1.000 убиени во битка и 1.200 до 2.168 погубени втор: 527–1.412.

Заднина

уреди

По победата на болшевиците над контрареволуцијата во Руската граѓанска војна[2], народните маси очекувале ублажување на репресивниот карактер на новата комунистичка власт. Очекувањата не биле исполнети, по што кон крајот на февруари 1921 година во Санкт Петербург (тогашен Петроград) избувнале штрајкови. Комунистичката власт ги задушила штрајковите, по што морнарите од Кронштат („гордоста и славата на Револуцијата“, според зборовите на Троцки) испратиле своја делегација да ја испита ситуацијата во Петроград.

Кронштатско движење

уреди

Врз основа на сознанијата до кои дошла кронштатската делегација, екипажите на два брода, „Петропавловск“ и „Севастопол“, изгласале резолуција, која била прифатена од страна на јавниот собир што се одржал во Кронштат на плоштадот „Јакорни” на 1 март. На собирот присуствувале 16.000 морнари, војници на Црвената армија и работници. Со него претседавал претседавачот на Извршниот комитет на Кронштатскиот совет, комунистот Василиев. Претседателот на Руската Социјалистичка Федеративна Република, Михаил Калинин, и комесарот на Балтичката флота, Николај Кузмин, биле присутни и им се обратиле на присутните. Калинин при доаѓањето бил пречекан со воени почести, музика и знамиња.

Во резолуцијата биле поставени 15 барања[3]:

  1. Веднаш да се одржат нови избори со тајно гласање, а при предизборната кампања да има целосна слобода на агитирањето помеѓу работниците и селаните;
  2. Да се воспостави слобода на говорот и печатот за работниците и селаните, анархистите и левите социјалистички партии;
  3. Да се обезбеди слобода на собирањето за работничките синдикати и селанските организации;
  4. Да се свика непартиска конференција на работниците, војниците на Црвената армија и на морнарите од Петроград, од Кронштат и од Петроградската околија, не подоцна од 10 март 1921;
  5. Да се ослободат сите политички затвореници од социјалистичките партии, како и сите работници, селани, војници и морнари затворени во врска со работничкото и селанското движење;
  6. Да се избере комисија за да ги разгледа случаите на оние што се држат во затвор и во концентрациони логори;
  7. Да се укинат сите политички бироа, зашто никоја партија не треба да има специјални привилегии при пропагирањето на нејзините идеи или да добива финансиска поддршка за такви цели. Наместо тоа, треба да се основаат образовни и културни комисии, кои ќе бидат локално бирани, а финансирани од владата;
  8. Веднаш да се укинат сите загрјадителније отрјади (вооружени единици организирани од страна на болшевиците со цел задушување на трговијата и конфискување на прехранбени и други производи);
  9. Да се изедначат следувањата на сите што работат, со исклучок на оние што се вработени во струките што се штетни по здравјето;
  10. Да се укинат комунистичките борбени оддели во сите родови на војската, како и комунистичките гарди што се држат на должност во заводите и фабриките. Ако се смета дека овие гарди или воени оддели се неопходни, тие треба да се назначуваат од обичните војници во војската, а во фабриките според проценките на работниците;
  11. Да им се даде полна слобода на делување на селаните во поглед на нивната земја, а исто така и право да чуваат стока, под услов да ја обработуваат со сопствени средства, односно единствено без да вработуваат работна сила;
  12. Да се побара од сите родови на војската, како и од нашите другари воените курсисти, да се согласат со нашите резолуции;
  13. Да се бара печатот да им даде најцелосен публицитет на нашите резолуции;
  14. Да се назначи една подвижна контролна комисија;
  15. Да се дозволи слободно кустарско производство (поединечно, во мала мера) преку сопствен труд.

На истиот состанок на бригадата било одлучено да се испрати еден комитет во Петроград за да им ги објасни на работниците и на тамошниот гарнизон барањата на Кронштат и да бара да бидат испратени непартиски делегати од страна на петроградскиот пролетаријат во Кронштат за да ја видат вистинската состојба на работите и барањата на морнарите. Овој комитет, составен од 30 члена, бил уапсен од страна на болшевиците во Петроград. Тоа бил првиот потег на комунистичката влада против Кронштат. Бидејќи мандатот на членовите на Кронштатскиот совет се приближувал кон својот крај, состанокот на бригадата одлучил и да се свика конференција на делегатите на 2 март, за да се расправа за начинот на одржување на новите избори. Конференцијата требала да биде составена од претставници на бродовите, гарнизонот, разните советски институции, синдикати и фабрики, при што секоја организација требала да биде претставена од двајца делегати.

Конференцијата од 2 март се одржала во Домот на образованието (поранешното Кронштатско техничко училиште) и на него учествувале преку 300 делегати, помеѓу кои имало и комунисти. Состанокот бил отворен од морнарот Петриченко и со акламација бил избран Президиум од пет члена. Кузмин, комесарот на Балтичката флота, бил првиот што зборувал на Конференцијата. Тој ја разжештил конференцијата кога го одрекол постоењето на работнички немири во Петроград, изјавувајќи дека градот бил мирен и дека работниците биле задоволни.

Поради тоа Кузмин и Василиев биле отстранети од состанокот и биле уапсени. Во тој момент Конференцијата ја зафати голема возбуда кога еден делегат објавил дека болшевиците само што не го нападнале состанокот и дека 15 камиони полни со војници и комунисти, вооружени со пушки и машинки, биле испратени со таа цел.

Кампања

уреди

Болшевиците не губеле време при организирањето на својот напад врз Кронштат. Веќе на 2 март владата донела наредба, потпишана од Ленин и Троцки, со кој се осудило Кронштатското движење како бунт против комунистичката власт. Во тој документ морнарите биле обвинети дека биле:

орудија на бившите царистички генерали кои заедно со предавниците социјалисти револуционерни исценираа контрареволуционерен заговор против пролетерската република и дело на интервенционистите на Антантата и на француските шпиони

Петроградскиот комитет за одбрана, предводен од Григориј Зиновјев, неговиот претседавач, ја презел целосната контрола над градот и околијата Петроград. Во целата северна област била воведена воена состојба и биле забранети сите собири. Биле преземени исклучителни мерки на претпазливост за да се заштитат владините институции и биле поставени машински пушки во „Асторија“, хотелот во кој живееја Зиновјев и останатите високи болшевички функционери. Прогласите што биле залепени на уличните огласни табли наредувале неодложно враќање на сите штрајкувачи во фабриките, забранувале запирање на работата и го предупредувале народот да не се собира по улиците. Во исто врме биле уапсени голем број на работници, војници и морнари осомничени дека симпатизираат со Кронштат. Сите петроградски морнари и некои армиски единици коишто се сметале за „политички недоверливи” биле испратени на далечни одредишта, а семејствата на кронштатските морнари што живееле во Петроград биле притворени како заложници. Комитетот за одбрана го известил Кронштат за своите мерки преку прогласи кои биле фрлени од авион во градот на 4 март.

Животот во Кронштат продолжувал и покрај блокадата на градот и репресивните мерки од страна на болшевичката влада. Привремениот револуционерен комитет упатил повик во таа смисла до народот од Кронштат, дури и кога болшевичката влада го игнорирала барањето на морнарите за ослободување на заложниците во Петроград. Барањето на Кронштат испратено преку радио до Петроградскиот совет било ослободување на сите заложници да бидат ослободени.

На 5 март од Петроград бил упатен ултиматум:

Работничката и селанска влада донесе указ Кронштат и бунтовните бродови веднаш да се потчинат на авторитетот на Советската република. Поради тоа им наредувам на сите оние што кренале рака против социјалистичката татковина итно да го положат оружјето. Тврдоглавите ќе бидат разоружени и предадени на советските власти. Уапсените комесари и другите претставници на владата веднаш да бидат ослободени. Само оние што безусловно ќе се предадат можат да сметаат на милоста на Советската република.

Истовремено, упатив наредби за подготовка на задушувањето на бунтот и потчинување на бунтовниците со вооружена сила. Одговорноста за штетата што може да ја претрпи мирното население целосно ќе падне врз предводниците на контрареволуционерните бунтовници.

Ова предупредување е конечно.

Троцки, претседавач на Револуционерниот воен совет.

Каменев, врховен командант.”

Напад

уреди

Во меѓувреме, Троцки ги регрутирал своите сили. Најдоверливите дивизии од фронтовите, единиците на курсантите, одредите на Чеката и воените единици составени исклучиво од комунисти биле насобрани во тврдините Сестрорецк, Лиси нос, Краснаја горка и во околните утврдени места. Најголемите руски воени експерти биле итно доведени за да формираат планови за блокада и напад на Кронштат, а Тухачевски бил назначен за врховен командант на опсадата на Кронштат.

На 7 март, во 6:45 ч. вечерта.[4] со околу 60.000 војници, Советите од Сестрорецк и Лиси нос го започнале нападот врз Кронштат. Артилериското бомбардирање на Кронштат, кое започнало вечерта на 7 март, било проследено со обид за преземање на тврдината преку јуриш. Нападот бил извршен од север и југ од страна на избрани комунистички трупи облечени во бели наметки, чија боја заштитно се измешала со снегот што густо бил натрупан на замрзнатиот Фински Залив. Во врска со овие први ужасни напади за преземање на тврдината преку јуриш, со лекомислено жртвување на животи, морнарите организирале трогателни комеморации за своите браќа по оружје, прелажани за наводната контрареволуционерност на Кронштат.

Кронштатскиот гарнизон бил составен од помалку од 14 илјади војници, од кои 10 илјади биле морнари. Овој гарнизон морал да брани широк фронт, многу тврдини и батерии расфрлани во широката област на заливот. Постојаните напади на болшевиците, кои централната власт постојано ги снабдувала со свежи трупи; недостигот на животни намирници во опсадениот град; долгите непроспиени ноќи поминати на стража во студот - сето тоа ја поткопувала виталноста на Кронштат. Во текот на целиот 10 март комунистичката артилерија непрекинато стрелала од јужниот и северниот брег. Ноќта помеѓу 12 и 13 март комунистите нападнале од југ, повторно избирајќи бели наметки и жртвувајќи многу стотици курсанти.

На 16 март болшевиците извршиле концентриран напад истовремено од три страни - север, југ и исток. Утрото на 17 март биле заземени неколку утврдени места. Низ најслабата точка на Кронштат - Петроградската врата - болшевиците навлегле во градот, а потоа таму започнале со бруталниот масакр. Комунистите што биле поштедени од морнарите сега биле предадени, напаѓајќи ги од назад. Комесарот на Балтичката флота Кузмин и Претседавачот на Кронштатскиот совет Василиев, ослободени од комунистите од затвор, сега учествувале во уличните борби човек на човек. Очајната борба на кронштатските морнари и војници продолжило сè до доцна во ноќта.

На 18 март болшевичката влада и Руската комунистичка партија јавно ја одбележале Париската комуна од 1871, славејќи ја и победата во Кронштат.

Наводи

уреди
  1. Кронштат е град и поморска база, сместен на островот Котлин во Финскиот Залив, на 30-тина километри западно од Петроград
  2. Morcombe, Smith. The Spirit Of Change: Russia in Revolution, 2010. стр. 165.
  3. Александар Беркман, „Кронштатскиот бунт“
  4. Figes, 763.

Надворешни врски

уреди