Кралско книжевно друштво
Кралско книжевно друштво англиски: The Royal Society of Literature, RSL) — најважната книжевна организација во Велика Британија. Основано е во 1820 г. од страна на кралот Џорџ IV, со цел да „се наградат книжевните заслуги и да се поттикне книжевното творештво". Негов прв претседател е Томас Берџес, Епископ на Сент Дејвидс (подоцна Епископ на Солсбери). Денес друштвото има 450 членови (секоја година се бираат нови 14) кои, како звање, добиваат право на наставката „FRSL“ по нивното име. Установата е сместена во Сомерсетскиот дом во Лондон.
Royal Society of Literature | |
Кратенка | RSL |
---|---|
Основана | 1820 |
Вид | научно друштво |
Седиште | Сомерсетски дом, Лондон |
Претседател | Колин Таброн |
Мреж. место | rslit.org |
Меѓу некогашните членови на друштвото се вбројуваат Семјуел Тејлор Колриџ, Вилијам Батлер Јејтс, Радјард Киплинг, Томас Харди, Џорџ Бернард Шо и Артур Кестлер. Позначајни членови денес се Чинуа Ачебе, Антонија Фрејзер, Атол Фугард, Дорис Лесинг, В.С. Најпол, Питер Дикинсон, Том Стопард, Хелен Данмор и Џ. К. Роулинг. Новопрогласените членови си го внесуваат името во свечен именик користејќи го наливперото на Бајрон или со гускиното перото на Дикенс.
Друштвото издава годишник со наслов The Royal Society of Literature Review („Ревија на Кралското книжевно друштво“)[1] и доделува повеќе книжевни награди како Ондачиевата и Џервудовата награда како и меморијалната награда „В.С. Причет“. Особено истакнатите писатели ја добиваат почесната титула Придружник на Кралското книжевно друштво (Companion of the Royal Society of Literature) и Бенсоновиот медал за животно дело во областа на книжевноста.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „RSL Review“. Архивирано од изворникот на 2012-05-02. Посетено на 2012-08-29.
Надворешни врски
уреди- Кралско книжевно друштво (англиски)
- на Кралското книжевно друштво[мртва врска] (англиски)
- Книжевни награди Архивирано на 3 јуни 2015 г. (англиски)