Кралски академии во Шведска
Кралски академии — независни организации, основани со кралска наредба со цел да се развиваат уметностите, културата и науката во Шведска. Шведската академија и Академијата на науките се надлежни за избирање на добитниците на Нобеловата награда за литература, физика, хемија и економија. Групата академии опфаќа и неколку научни друштва, од кои три имаат добиено кралска повелба во текот на XVIII век.
Поради нивната научно-образовна дејност, академиите имаат ограничена даночна одговорност, дури и за приходите добиени од работење со нивните недвижности.[1]
Во мај 2011 Кралската академија на науките ја основала Шведската младинска академија за млади научници и истражувачи.[2]
Уметност и култура
уреди- Шведска академија (Svenska Akademien)
- Кралска академија на ликовните уметности (Kungl. Akademien för de Fria konsterna)
- Кралска музичка академија (Kungl. Musikaliska Akademien)
- Кралска академија на книжевноста, историјата и старините (Kungl. Vitterhets-, Historie- och Antikvitetsakademien)
Наука
уреди- Кралска академија на науките (Kungl. Vetenskapsakademien)
- Кралска академија на инженерските науки (Kungl. Ingenjörsvetenskapsakademien)
- Кралска академија на земјоделството и шумарството (Kungl. Skogs- och Lantbruksakademien)
Воена наука
уреди- Кралска академија на воените науки (Kungl. Krigsvetenskapsakademien)
- Кралско друштво за поморски науки (Kungl. Örlogsmannasällskapet)
Друштва со кралска повелба
уреди- Кралско научно друштво во Упсала (Kungl. Vetenskapssocieteten i Uppsala)
- Кралско физиографско друштво во Лунд (Kungl. Fysiografiska Sällskapet i Lund)
- Кралско научно-книжевно друштво во Гетеборг (Kungl. Vetenskaps- och Vitterhetssamhället i Göteborg)
- Кралско Шитеово друштво во Умео (Kungl. Skytteanska Samfundet)
- Кралска академија „Густав Адолф“ во Упсала (Kungl. Gustav Adolfs Akademien)
Наводи
уреди- ↑ Данок на приходи (1999:1229) 7 глава. 16 § - Законски одредби на Шведска Архивирано на 27 септември 2011 г. - Парламент на Шведска (шведски)
- ↑ Шведска младинска академија Архивирано на 15 јануари 2012 г. - Кралска академија на науките (англиски)