Кралска академија на земјоделството и шумарството (Шведска)
Кралска академија на земјоделството и шумарството (швед. Kungliga Skogs- och Lantbruksakademien), порано Кралска земјоделска академија (Kungliga Lantbruksakademien) е една од кралските академии во Шведска. Основана е во 1813 по иницијатива на принцот-престолонаследник Карл. Првично била осмислена како помошна установа на централната администрација. Денес академијата е самостојна организација која има за цел да го унапредува земјоделството, шумарството и сродните полиња со поддршка од науката и практичното искуство, а во интерес на општеството.
Надворешни врски
уреди- Кралска академија на земјоделството и шумарството (шведски) (англиски)