Кошичкиот крај (словачки: Košický крај; унгарски: Kassai kerület; украински: Кошицький край) ― еден од осумте словачки административни региони. Регионот за првпат бил основан во 1923 година, а сегашните граници биле воспоставени во 1996 година. Се состои од 11 окрузи и 440 општини, од кои 17 имаат градски статус. Околу една третина од населението во регионот живее во агломерацијата Кошице, која е нејзин главен економски и културен центар.

Кошички крај
Košický kraj
Крај
Знаме на Кошички крајГрб на Кошички крај
Кошички крај
Кошички крај
ДржаваСловачка
Главен градКошице
Управа
 • УправникРастислав Трнка
Површина
 • Вкупна6.753,26 км2 (260,745 ми2)
Најг. вис.&100000000000014760000001.476 м
Најм. вис.&1000000000000009400000094 м
Население (2017)
 • Вкупно799.217
 • Густина1,2/км2 (3,1/ми2)
Час. појасСЕВ (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)СЕЛВ (UTC+2)
ISO 3166SK-KI
Мреж. местоkosice-region.sk

Географија

уреди

Сместено е во јужниот дел на источна Словачка и зафаќа површина од 6.752 км 2. Западниот дел на регионот е составен од источниот дел на Словачките Рудни Планини, вклучувајќи ги и неговите делови: Словачки Карст, Словачки Рај, Воловски Планини, Црна Гора. Сливот Хорнад се наоѓа на северозапад. Областа помеѓу Словачките Рудни Планини и Сланските Планини е опфатена со Кошичкиот Слив, именуван по градот. Областа источно од Сланските Планини е опфатена со Источнословачката Низина и има вулкански опсег, Вихорлатските Планини, на североисток, близу до украинската граница. Поголемите реки се Слана на југозапад, Хорнад на запад и центар, Уж и Бодрог на исток, заедно со мал дел од реката Тиса на крајниот југоисток. Што се однесува до административните поделби, регионот се граничи со Прежовскиот крај на север, Закарпатската област на Украина на исток, со окрузите Саболч-Сатмар-Берег и Боршод-Абауј-Земплен на Унгарија на југ и со регионот Банска Бистрица на запад.

Демографија

уреди

Просечната густина на населението во регионот е 117,9 жители на км2, што е многу слично со просекот на земјата (110 на км2). Најголемите градови се Кошице, Михаловце, Списка Нова Вес, Требичов и Рожава. Според пописот од 2001 година, во регионот имало 766.012 жители, со мнозинство Словаци (81,8%), но има многу унгарско малцинство (11,2%) на југот, а има и малцинства Роми (3,9%) и Чеси (<1%).[1]

Економија

уреди

Економијата на Кошицичкиот крај претставувала 11,47% од словачкиот БДП во 2013 година, што го направило регион со втор најголем БДП во Словачка по Братиславскиот крај. Сепак, заостанува зад поголемиот дел од словачките региони во БДП по глава на жител.[2]

Платите во просек се 40% повисоки во Братиславскиот отколку во Кошичкиот крај, но и таму трошоците за живот се значително поголеми.[3]

Невработеноста во регионот била 15,6% во 2014 година.[3]

Административна поделба

уреди

Кошичкиот крај се состои од 11 области. Во самиот град Кошице има четири окрузи, седум окрузи се надвор од градот. Постојат 440 општини, од кои 17 се градски.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. POPULATION AND HOUSING CENSUS 2001 - Tab. 3a
  2. http://slovak.statistics.sk/wps/wcm/connect/6241078f-62cf-4c5a-ac78-35e4b73dc550/Regionalny_hruby_domaci_produkt_1995_2013_revidovane.pdf?MOD=AJPERES
  3. 3,0 3,1 Bratislavský vs. Košický kraj Архивирано на 4 март 2016 г.. Посетено на 23 февруари 2021 Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „nezamvkos“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  • Kopa, Ľudovít; и др. (2006). The Encyclopaedia of Slovakia and the Slovaks. Bratislava, Slovakia: Encyclopaedic Institute of the Slovak Academy of Sciences. ISBN 80-224-0925-1. Надворешна врска во |publisher= (help)

Надворешни врски

уреди