Костадин Устапетров

Костадин Устапетров (Струмица, 29 октомври 1950 - Струмица, 10 јуни 2013) — значаен македонски уметник, карикатурист и автор на афоризми кој долги години творел и живеел во Струмица.

Костадин Устапетров
Роден(а)29 октомври 1950
Струмица, СФРЈ СФР Југославија денес Македонија Македонија
Починал(а)10 јуни 2013
Струмица, Македонија Македонија
НационалностМакедонец
Занимањекарикатурист

Животопис уреди

Устапетров е роден во Струмица на 29 октомври 1950 година. Завршил архитектонски факултет во Скопје. Со карикатура и афоризам се занимавал од 1971 кога во „Остен“ ги објавил првите карикатури и афоризми. Објавувал во многу весници и списанија. Излагал со групата КИКС од 1973 година и Здружението на карикатуристи на Македонија од 1980 година на сите изложби во земјата и надвор. Во издание на Здружението на карикатуристи на Македонија и списанието „Остен“, 1994 година издадена е книгата карикатури „Врата кон светот“ и книга афоризми 2002 година „Надвор од рамките“ во издание на авторот.

Застапен е со карикатури во книгата „Тушот не е вода“, во издание на НИП „Студентски збор“ Скопје, 1975 година, во антологиското издание Македонска карикатура од Владимир Величковски 1994 година, во антологијата на Македонски афоризам 2008 година и двете во издание на Алма Белград, двојазично.

Неговите дела се наоѓаат во повеќемеѓународни фестивали, музеи и галерии на карикатурата во Македонија, Иран, Италија, Канада, Полска, Словачка, Бугарија, Србија, Турција, Белгија, Холандија, Грција и други земји. Исто така е застапен во колекции на приватни колекционери по светот. Во 1996 година награден е како најдобар соработник во областа на карикатурата за тековната година на магазинот за хумор и сатира Остен. Изложувал дела со Друштвото на ликовни уметници на Струмица во земјата и надвор. Добитник е на повеќе награди за карикатури и афоризми. Последно дело е комплетот книги наречен Мозаик, 2010 година, комплет од шест книги: Практицизми, Сурфери I, Сурфери II, Лунгуре, СКК / Струмички криви краставици и Хуморист. Во 2014 година бил посмртно награден за животно дело од страна на Општина Струмица со наградата „Св. Петнаесет Тивериополски Маченици“.[1] Починал во Струмица на 10 јуни 2013 година.

Наводи уреди