Космос-782
Космос-782, познат и како Бион-3 и Биокосмос-3, е еден од над 2.400 советски вештачки сателити лансирани во рамките на програмата „Космос“.
Космос-782
| |
---|---|
Тип на мисија | сателит наменет за електронско извидување, јавување и наведување |
Датум на лансирање | 21 ноември 1975 |
Носечка ракета | Р-7 Семјорка со додатен степен |
Место на лансирање | Плесецк, СССР |
Орбитален наклон | 62,8 ° |
Орбитален период | 90,5 минути |
Апоапсида | 405 км |
Периапсида | 226 км |
Меѓународна ознака | 1975-110A |
Податоци
уредиОпшти податоци
уредиСателитот е лансиран од космодромот Плесецк, СССР на 25 ноември 1975 г. Во орбитата околу планетата Земја бил исфрлен од повеќестепенета носечка ракета Р-7 Семјорка. Масата на сателитот при лансирањето изнесувала 4000 килограми. Космос-782 бил сателит наменет за биолошко истражување. На него први вршеле истражување СССР и САД. Извршени се 14 експерименти, а во нивното спроведување биле вклучени 7 земји. Најчесто се експериментирало со глувци и желки, а со сателитот биле носени и билни ткива и овошни мушички.
Орбитални податоци
уредиИсфрлувањето на сателитот било на ниска орбита околу Земјата. Периодот на обиколување на сателитот околу Земјата изнесувал 90,5 минути, додека аголот на наклонетост на орбиталната рамнина во однос на рамнината на екваторот изнесувала 62,8°. Најголемото растојание од Земјата го достигнал на 405 км, а најмалото на 226.