Концерт кај Ајдучка чешма
Концертот на Ајјдучка чешма е концерт на најпопуларниот рок бенд во Југославија - Бијело Дугме. Концертот се одржал на 28. август 1977 година[1] во белградскиот парк Топчидер, во близина на Ајдучка чешмa. Тоа бил најголемиот рок концерт одржан во поранешна Југославија. Многу рок критичари сметаат дека ваков музички настан, поради неговата важност, атмосферата и големата енергија, веројатно никогаш повеќе нема да се повтори. [2]
Концертот на Ајдучка чешма е еден од најзначајните моменти не само во кариерата на Бијело Дугме, туку и во историјата на рокенролот на територијата на поранешната Југославија. [3]
Во некои медиуми, Концертот кај Ајдучка чешма се нарекува и Југословенскиот Вудсток.[4]
Идеја за организирање концерт
уредиИдејата за Концертот кај Ајдучка чешма е на новинарот и рок критичарот Пеца Поповиќ, а спектаклот бил своевидно збогување на Горан Бреговиќ (Горан Бреговић) со публиката, додека чекал одслужување на воен рок. [2]
Групата Бијело Дугме била во текот на летото 1977 година на турнеја каде го промовирале својот трет албум „ Eте! Навистина сакам! (Ето! Баш хоћу!)“, објавена на крајот од претходната година. [2] По девет настапи во Полска, пролетта 1977 г. басистот Зоран Реџиќ (Зоран Реџић) и тапанарот Ипе Ивандиќ (Ипе Ивандић) се вратиле во составот по завршувањето на воениот рок. Клавијатуристот Владо Правдиќ (Владо Правдић) се уште бил во униформа. Продолжението на турнејата било проследено со бројни технички и организациски проблеми, публиката била помала од порано, а почнале да се појавуваат конфликти меѓу членовите на групата. Поради сето ова не се реализирал концертниот план за тоа лето. По настапот во Шибеник, концертот во Сплит бил откажан, а турнејата беше прекината. Најголемата криза во групата имала свој епилог во шпекулациите во весниците за распадот на групата. Гласините за сериозни кавги и млаки критики довеле до откажување на настапите во Загреб и Љубљана, каде што било планирано снимањето на првиот концертен албум на Бијело Дугме. Врвот на неуспехот се случи во Осиек, каде на концертот присуствувале само неколку стотици посетители. [5]
Горан Бреговиќ барал решение за кризата, особено затоа што наскоро требало да оди и на одслучување на воен рок. Спасувачката идеја му ја дал белградскиот рок-новинар Петар - Пеца Поповиќ - да организира бесплатен концерт на отворено, во паркот Топчидер кај Ајдучка чешма, каде што претходните години се организирале и рок фестивали. Причината била простувањето на Горан Бреговиќ со публиката, пред заминувањето во војска. Настанот бил закажан за 28. август. На концертот требало да настапат неколку воведни групи, меѓу кои беа Тако, Здраво и Леб и сол . [5]
Концерт
уредиЗа бројот на посетители се шпекулира веќе полни 40 години, а проценките се движат од 50.000 ( Дражен Врдољак Дражен Врдољак ), над 80.000 ( Вечерње новости ) до 100.000 луѓе ( Радио ТВ ревија). Тоа бил најголемиот рок настан дотогаш, а дел од атмосферата е снимена во филмот „Е не “ во режија на Миќа Милошевиќ Во еден момент хистерија кај публика достигнала толкава кулминација што концертот речиси бил прекинат. За среќа, се завршило без проблеми. Подеднакво важно било што меѓу членовите на Бијело Дугме се вратил мирот и самодовербата, што веќе се почувствувало во Нови Сад на 28. 9, на концерт кој е опишан како еден од најубедливите во целата кариера на групата. [5]
Концертен албум
уредиПодоцна истата година, групата Бијело Дугме го издала албумот во живо наречен „Концерт кај Ајдучка чешма“ во издание на Југотон. Албумот се појави на пазарот на 30 декември 1977 година. Албумот содржи 11 избрани песни од сите три албуми: „Кога би бил бело копче (Кад би био бијело думје)“, „ Има некоја тајна врска (Има нека тајна веза)“ и „ Ете! Навистина сакам! (Ето! Баш хоћу!) “. Интересно е што „Концерт кај Ајдучка чешма“ е албум од настапот во живо на Бијело Дугме, но не и од овој концерт. По снимањето на концертот биле констатирани технички грешки во звукот кои не можеле да се поправат во студиото. Затоа групата на 25 октомври во малата сараевска сала „Ѓуро Ѓаковиќ“ (денес Босанскиот културен центар ) одржала нов затворен концерт, за кој влезниците биле поделени само на пријателите, а потоа е направена нова снимка. Проблемот бил автентичната врева на публиката, која не можеле да ја продуцираат неколку стотиците посетители во Сараево, па реакцијата на публиката била искористена за албумот како единствен оригинален тон од Концертот на Ајдучка чешма. [5] Албумот е продаден во милион копии.[2]
Ајдучка чешма како место за одржување на концерти
уредиИдејата за одржување на музички настани на Ајјдучка чешма на Топчидер не била нова. Првиот концерт на ова место го организирал Зоран Мишчевиќ (Зоран Мишчевић со неговата група Силуете далечната 1969 година а пред Бијело дугме било 1972 година и во 1973 г. свирела и групата Поп машина (Pop mašina) (подоцна Рок машина Rok mašina ), предводена од Роберт Немечек. На вториот концерт, во 1973 г. групата Јутро свирела како една од воведните групи, од која подоцна се формирале Бијело Думје. [6]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Janjatović 2007
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „OD KNEZA MIHAILA DO BIJELOG DUGMETA: Hajdučka česma je jedan od najvažnijih svedoka ISTORIJE BEOGRADA!“. Dnevno.rs. Посетено на 01. 11. 2018. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „PRE 40 GODINA DESILA SE ISTORIJA: Beograd će ZAUVEK pamtiti 28. avgust 1977!“. SD Srbija Danas. Посетено на 31. 10. 2018. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ Pantić, Mihajlo. „Hajdučka česma“. Leksikon YU mitologije. Посетено на 01. 11. 2018. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 „40 godina 'Yu Woodstocka' – Bijelo dugme kod Hajdučke česme“. Glas.ba. 28. 08. 2017. Посетено на 31. 10. 2018. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ Nikolić, M.S.; Dvizac, R.R. (septembar 1981). „Bu-bu, gu-gu, gili-gili, aaaaaaaa!!!“. Reporter. Uživo u Jugoslaviji. Посетено на 5. 10. 2019. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help)
Литература
уреди- Janjatović, Petar (2007). EX YU ROCK enciklopedija 1960-2006. Beograd: Čigoja štampa. ISBN 978-86-905317-1-4.CS1-одржување: ref=harv (link)
Надворешни врски
уреди- „Bijelo dugme - Koncert kod Hajdučke česme (3. deo): Izvještaj sarajevskog Vena (1977)“. Yugopapir. Посетено на 31. 10. 2018. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - „Hajdučka česma 1977: Ko je i kako sprečio Bijelo dugme da snimi planirani album uživo?“. Yugopapir. Посетено на 31. 10. 2018. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - „Forest fest: 40 godina posle Hajdučke česme, muzički spektakl kod Kumove česme!“. Nedeljnik. 19. 05. 2017. Посетено на 31. 10. 2018. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help)[мртва врска]