Е не (филм од 1978)
„Е, не“ (српски: Није него) — југословенски филм од 1978 година, во режија на Миќа Милошевиќ, кој е автор и на сценариото. Во филмот се користи музиката на популарната рок-група Бијело дугме. Главните улоги ги играат: Велимир Бата Живоиновиќ, Никола Симиќ, Ружица Сокиќ, Павле Вуисиќ и Радмила Андриќ.[1]
Синопсис
уредиДејствието на филмот се одвива во средно училиште во кое професорот Херцог има проблеми со учениците, кои не го поднесуваат училиштето, а со тоа и професорите. Професорот Херцог ги мрази учениците, но истовремено има симпатија кон ученичките. Еден ден, во училиштето доаѓа телевизиска екипа со намера да направи анкета за задоволството на учениците. Тогаш, се случуваат бројни смешни ситуации: на часот по биологија, поради костурот, сите помислуваат дека се работи за час по сексуално воспитување, а во целата приказна се вклучува и директорот...