Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Долно Дупени
Успение на Пресвета Богородица — македонска православна манастирска црква, главна и единствена црква на тој манастир во ресенското село Долно Дупени.[1] Црквата се наоѓа над селото, во просторот кој помеѓу мештаните е познат како Горно Село. До црквата се доаѓа со пешачење по земјениот шумски пат, во времетраење од околу 30 – 40 минути, почнувајќи од денешната местоположба на селото. Црквата е посветена на Успението Богородично, и како храмова слава го чествува 28 август Изградена е на почетокот на XX век и претставува пример за црковното градителство, сликарство и дрвена резба од тој период. Градбата има трилисна или крстовидна форма, со калоти на јужната, северната и источната страна. Најгоре доминира куполата поставена на осумстран тамбур со четири отвори за прозорци. Влезовите кон црквата се распоредени на западната и северната фасада, а од северната страна кон исток постои и директен влез во олтарниот простор. Внатрешноста на градбата делува доста пространо.
Успение на Пресвета Богородица
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Ресенско |
Парохија | Подмочанско-љубојнска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 40°52′45.8″N 21°08′27.4″E / 40.879389° СГШ; 21.140944° ИГД |
Место | Долно Дупени |
Општина | Ресен |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Голема Богородица |
Изградба | почеток на 20 век |
Живопис | 1908/09 |
Зограф | Нестор и Лазар Алексиеви со Крсте и Коста Николови |
Архитектонски опис |
- Икони и ферски
Иконостасот изведен во резба, со отвори за два реда на икони, подигнат е од нивото на наосот со три скалила. Внимание привлекуваат и амвонот или певницата како и владичиниот престол, сите декорорани со дрвена резба. Резбаниот инвентар, според сочуваните натписи, е дело на браќата Нестор и Лазар Алексиеви од село Осој, Дебарско. Работите ги завршиле ви текот на 1908 и 1909 год. Од присутните мотиви на резбаната декорацијата, доминира флоралната стилизирана орнаментика. Сликаните икони на иконостасот се исто така работени во 1909 година и се дела на браќата Крсте и Коста Николови од Лазарополе. Нивни се и големите икони сместени на ѕидовите, јужно и северно од иконостасот, како и иконите на Исус Христос и евангелистите на певницата. Во црквата се наоѓаат и неколку постари икони, кои зборуваат за постарата историја на овој храм.
Наводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Оваа статија црква во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |