Коле Стојанов Младеновски (20 октомври 1923 во Шопско Рударе, Кратовско12 декември 1944 во Гнилане, Косово) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Коле Младеновски
Роден 20 октомври, 1923 година
Шопско Рударе, Кратовско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 12 декември, 1944 година
Гнилане, Косово
Националност Македонец

Животопис

уреди

Произлегува од средноимотно селско повеќечлено семејство. Откако го завршил основното четиригодишно училиште во родното место,  останал кај родителите да им помага во земјоделието и сточарството. По капитулацијата на Кралството Југославија во 1941 година, бил регрутиран од бугарскиот окупатор. По отслужување на воениот рок се вратил во своето родно место. На 9 септември 1944 година кога во неговото село престојувале единиците на НОВ, заедно со уште други младинци од селото пристапиле во Народноослободителната војска на Македонија, најпрво во Месната команда во Кратово, па во Седумнаесеттата македонска ударна бригада,[2] а подоцна и во составот на Третата македонска ударна бригада.[1] Учествувал во повеќе борби до конечното ослободување на Македонија каде покажал посебен хероизам. Загинал во една борба во близината на Гнилане на 12 декември 1944 година.[2] Според друга верзија се смета дека загинал во една борба против балистичките банди и Германците во близина на селото Шишево.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 221. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. 2,0 2,1 Нивната борба за слобода, наш патоказ за иднината. Кратово: Општински одбор на СЗБ НОВ Кратово. 1985. стр. 44.