Песочната книга (расказ)

„Песочната книга“ (шпански: El libro de arena) е расказ на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес, оригинално, објавен 1975 година, како дел од истоимената збрика.

Содржина

уреди

Главниот јунак на расказот е самец кого одненадеж го посетува непознат човек, Шкотланѓанец, облечен во сив костум и со сив куфер. Странецот, кој е продавач на библии, му нуди една непозната книга која ја купил во Индија. Таа се вика Песочната книга, бидејќи нема почеток ни крај. Станува збор за необична книга во која постојано се поместуваат страниците, која секојпат почнува на поинаков начин и колку и да се вртат листовите, таа нема крај. Главниот лик во расказот се согласува да ја купи за одредена сума пари и во замена за едно издание на Библијата на готски јазик. Бидејќи сфаќа дека се работи за волшебна книга, тој решава да се ослободи од неа и скришум ја остава во Националната библиотека каде работел пред да се пензионира.[1] [2] [3]

Изданија на македонски јазик

уреди

Расказот бил објавен на македонски јазик во 2011 година, од издавачката куќа „Темплум“, а како дел од збирката „Пат околу светот во 20 раскази“. Преводот на македонски јазик го извршила Бојана Богдановска. Во 2015 година, расказот (насловен како „Книгата од песок“) бил објавен како дел од збирката раскази „Книга од песок“, издание на „Бегемот“, а во превод на Ненад Велковски.[4]

Наводи

уреди
  1. Владимир Јанковски (уредник), Пат околу светот во 20 раскази: Антологија на светскиот расказ, Темплум, Скопје, 2011, стр. 7-14.
  2. Хорхе Луис Борхес, Книга од песок. Скопје: Бегемот, 2015, стр. 108-113.
  3. Horhe Luis Borhes, Peščana knjiga. Beograd: Paidea, 2009, стр. 107-112.
  4. Хорхе Луис Борхес, Книга од песок. Скопје: Бегемот, 2015, стр. 108-113.