Владимир Богоевски

Владимир Богоевски, најпознат македонски одбојкар,кој има исклучителна кариера во европски и светски рамки како одбојкар и како тренер.Со неговата брилијантна игра на светската одбојка ќе и даде придонес со два нови елемента, -првиот одбрана на топка со упијач,а притоа да е дланката во контакт со подлогата и вториот елемент блокирање на противничкиот сервис (1974 Констанца -Романија ) ,кој е укинат после ОИ во Лос Анџелес 1984.

Владимир Богоевски
Роден 1 декември 1953
Скопје
Националност Македонец
Занимање Факултет за физичка култура - Скопје

Како први одбојкари од Европа,Богоевски во тандем со германскиот одбојкар Буркхард Суде се натпреварува во „ волеј бич„ односно одбојка на плажа.

Владимир Богоевски е еден од оснивачите на Македонскиот Олимписки Комитет ( 1992) и негов прв Потпретседател, а од 2009 година е назначен за спортски директор на МОК

Почеток на спортската кариера

уреди

Одбојка почнал да игра во скопски Студент, а набрзо се префрлил во Вардар.Со овој клуб има шампионска титула во Југославија(1975/1976), и е прогласен за најдобар играч на сезоната во Југославија. 1979 година како предводник,капитен и тренер со екипата на Вардар го освојува купот на Југославија.Потоа е предводник на „црвено-црните“ во Купот на шампионите (денешна ЛШ),во која дојде до фајналфорот во Финска (1977). Таму е прогласен за најдобар играч и е дел од најдобрата шесторка во Европа и настапи во Селекцијата на светот (1986 Софија ) Во државната одбојкарска репрезентација на Југославија ќе настапи 257 натпревари. Богатата спортска кариера како репрезентативец на Југославија ја надополнува со настапи на девет Балканијади,две Медитерански игри каде е освојувач на златни медали (1975 Алжир и 1979 Сплит),четири Европски првенства од кои на две освоени бронзени медали (1975 Белград, 1979 Париз) и една Летна Олимпијада, освоено шесто место (1980 Москва )

Интернационална играчка кариера

уреди

Како интернационалец, патот го одведе во Шпанија, каде што настапуваше за Реал Мадрид со кој го освои првенството на Шпанија и Купот на кралот во 1983 година, а потоа во Белгија со екипата на Херенталс го освојува купот на Белгија 1984.

Интернационална тренерска кариера

уреди

Тренер на Југословенската одбојкарска репрезентација од 1985 до 1992

- Учество во завршна фаза на три Европски првенства (1987,1989,1991)

- Две златни медаљи на балканијадите во Грција и Југославија (1986 и 1988)

- Златна медаља на Универзијадата во Загреб (1987)

- Сребрена медаља на медитеранските игри во Атина ( 1991)

Како тренер има титули во купот и првенството на СФРЈугославија, со Партизан од Белград (1991/1992).

Тренер на клубот Сон Амар од Палма де Мајорка

уреди

Со овој клуб за кусо време има постигнато одлични резултати во Шпанија.

Клубот Сон Амар играше во Европските купови, во Купот на ЦЕФ каде го освои второто место. На "фајнел фор° во Италија, во првиот меч Сон Амар ја победи Падова со 3:2, додека во решавачкиот меч за првото место загуби од клубот Марчерата со 3:2, иако водеше со 2:0 во сетови.

Ова е најголем успех на Сон Амар во неговата историја. На патот до второто место во Европа ги елиминира сараевска Босна, потоа и по една екипа од Холандија, Португалија и две екипи од Русија, пласирајќи се меѓу четирите најдобри екипи во Европа за да на крајот бидат втори.

Ја има предводено Тарагона и Палма де Мајорка, со која го освои Купот на Шпанија. Со Сон Амар стигна и до 2. место на Купот ЦЕВ

Тренер на грчки ПАОК

уреди

По Шпанија, две сезони мина во грчки ПАОК, каде ја завршува својата тренерска кариера.

Награди и признанија

уреди

- Добитник на Орден Заслуги на Народ сосребрена ѕвезда во СФРЈугославија

-Заслужен спортист на СФРЈугославија

-Двапати спортист на Македонија (1975 и 1979 )

- Пет пати најдобар спортист на Спортско Друштво Вардар

- Најдобар играч на Куп на шампиони ( 1977 Суботица )

- Великан на Македонски Олимписки Комитет

- Национално признание - Спортска пензија

- Добитник на 13 Ноемвриска награда како спортист ( 1974 )

- Добитник на 13 Ноемврсиска награда за животно дело (2023 )

- Добитник на Мајска награда

- Одликуван со Медал за заслуги на Македонија од страна на Претседателот Стево Пендаровски