Аце Русевски (Куманово, 30 ноември 1956) — поранешен македонски и југословенски боксер, освојувач на бронзено одличје на Олимписките игри во 1976 година.

Аце Русевски
Лични податоци
Роден(а)30 ноември 1956
Куманово, Македонија
(тогаш во рамките на СФРЈ)

Животопис

уреди

Роден е во Куманово во 1956 година.[б 1] Почнал да боксува на 16-годишна возраст, бил член на кумановскиот боксерски клуб. Тренер му бил Мирослав Петровиќ. Станал државен претставник во полутешка и лесна категорија. Во аматерска конкуренција имак 249 борби и доживеал само 12 порази.[1]

Бил првак на Југославија во 1976, 1978, 1979 и 1980 година, а првак на Балканот во 1975 и 1976 година. Го освоил Златниот гонг во 1975 и во 1978 година и го освоил првото место на Средоземните игри во Сплит во 1979 година.

На Европското првенство за јуниори во 1973 година освоил бронзен, во 1974 сребрен медал, а европски првак во сениорска конкуренција станал во 1977 година во Хале. Истата година во изборот на АИПС (Меѓународно здружение на спортски новинари) ја освоил титулата најдобар европски аматерски боксер. Од 1981 година имал успешна кариера како професионалец.

На Олимписките игри во Монтреал во 1976 година освоил бронзен медал, а во Москва во 1980 година по поразот во четвртфиналето го деле 5. до 8. место.[3]

По завршувањето на активната боксерска кариера, бил селектор на репрезентацијата и претседател на Македонскиот боксерски сојуз.[7]

Белешки

уреди
  1. Во референците постои неусогласеност околу датумот на раѓање на Русевски, годината на раѓање во сите извори е 1956. Во еден извор како датум на раѓање е наведен 29 ноември,[1][2] во друг извор 21 ноември[3], додека во трети извори се наведува 30 ноември.[4][5][6]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Ace Rusevski“. okscg. 17. 10. 2020. Архивирано од изворникот на 12. 07. 2007. Посетено на 17. 10. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date=, |archive-date= (help)
  2. „Ace Rusevski - BoxRec“. boxrec.com. 17. 10. 2020. Посетено на 17. 10. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  3. 3,0 3,1 „Биографија на Аце Русевски“. mok.org.mk. 17. 10. 2020. Архивирано од изворникот на 20. 10. 2020. Посетено на 17. 10. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date=, |archive-date= (help)
  4. „Ace Rusevski - Olympic Boxing“. boxrec.com. 17. 10. 2020. Посетено на 17. 10. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  5. „Ace Rusevski sports-reference“. sports-reference.com. 17. 10. 2020. Архивирано од изворникот на 06. 02. 2012. Посетено на 17. 10. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date=, |archive-date= (help)
  6. „Ace Rusevski Biographical information“. olympedia.org. 17. 10. 2020. Посетено на 17. 10. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  7. „Rusevski: Na Balkanu se uspjeh ne prašta“. vijesti.me. 4. 10. 2012. Посетено на 17. 10. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)