Александар Тасевски

Александар Стојмиров Тасевски (прекар:Сандре; 1 март 1926 во Горни Млаки, Горно Кратово13 мај 1944 во Велико Трново, Бугарија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

ЖивотописУреди

Растел во многучлено, ситно-земјоделско планинско семејство. Завршил само прво одделение, бидејќи сиромаштијата го принудила уште како мал да работи сточарски и земјоделски работи, а на шеснаесет годишна возраст веќе станал рударски работник во рудникот „Добрево“. Таму се дружел со напредни работници од кои дознавал многу значајни работи за животот и борбата на работничката класа. За време на окупацијата со симпатии гледал кон народноослободителното дело. По нападот на Кратово на 25 април 1944 година, кога единиците се повлекувале преку неговото село, тој се приклучил во редовите на Треттатa македонска ударна бригада, која со успех го извршила нападот на Кратово. Борбениот пат на Сандре Тасевски бил многу краток, но со неколку тешки борби кои Бригадата ги водела на Султан Тепе, Мала Црцорија, Црноок, Црна Трава и други места. Во мај 1944 година кога Бригадата навлегла на бугарска територија, група борци меѓу кои и Сандре, добила задача да уништи бугарски камион. При извршување на задачата биле опколени и целата група била заробена, а Сандре бил тешко ранет. На 13 мај 1944 година Сандре со другите заробени борци биле стрелани крај Трново, Бугарија.[1]

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 Нивната борба за слобода, наш патоказ за иднината. Кратово: Општински одбор на СЗБ НОВ Кратово. 1985. стр. 60.