Клинген

град во Германија

Клинген (германски: Clingen) — мал град во округот Кифхојзер, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа 16 километри југоисточно од окружниот град Зондерсхаузен и 30 километри северно од покраинскиот главен град Ерфурт.

Клинген

Clingen

Градското собрание на Клинген
Градското собрание на Клинген
Градското собрание на Клинген
Грб на Клинген
Клинген во рамките на Германија
Клинген
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Кифхојзер
Општ. заед. Гројсен
Градоначалник Харалд Кајтел
Основни податоци
Површина 10,75 км2
Надм. височина 185 м
Население 1.058 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 98 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. KYF
Пошт. бр. 99718
Повик. бр. 03636
Портал www.clingen.net
Местоположба на градот Клинген во рамките на округот Кифхојзер
Карта
Карта
Координати 51°13′0″N 10°56′0″E / 51.21667° СГШ; 10.93333° ИГД / 51.21667; 10.93333

Се наоѓа на реката Хелбе и заедно со соседните места Вестгројсен и Гројсен претставуваат една населена единица со околу 5.400 жители.

Географија

уреди

Клинген се наоѓа во долината на Хелбе, која тука поминува во три ракави: низ градот Саксонска Хелбе, додека северно од него Шварцбуршка Хелбе. Помеѓу обете водотеци поминува Штајнграбен. На 10 километри северно се наоѓа нискиот ридски масив Хајнлајте.

Историја

уреди

Клинген бил првпат споменат околу 900 година и во 1282 година ги добил градските права.

Политика

уреди

Градот припаѓа на општинската заедница Гројсен од 1993 година.

Градски совет

уреди

Градскиот совет има дванаесет членови и бил избран на општинските избори на 26 мај 2019 година, што довело до следнава распределба:

Партија / Листа Удел Места
CDU 73,3 % 9
Левица 17,8 % 2
NPD 05,6 % 1
SPD/GfC 03,3 % 0

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2021. (германски)

Надворешни врски

уреди