Флоренсио Кампоманес

Флоренсио Кампоманес (22 февруари 1927 во Манила - почина на 3 мај 2010 во Багио) беше филипински шахист и политичар.

Florencio Campomanes, 2008

Тој бил претседател на ФИДЕ во Азија, од 1974 до 1982. Во 1982 година бил избран за петти претседател на ФИДЕ. Тој има многу големи заслуги за развојот и афирмацијата на шахот во Азија. Тој се покажал и како добар организатор. Впрочем, шаховската олимпијада во Манила во 1992 година била организирана со негова голема поддршка.

Претходник
Фридрик Олафсон
Претседател на ФИДЕ
1982–1995
Наследник
Кирсан Иљумжинов