Киро Љубев Настески ( 1915 во Србјани, Кичевско12 февруари 1944 во Барбарас, Македонски Брод) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Киро Настески
Роден 1915 година
Србјани, Кичевско, Македонија под окупација на Србија
Починал 12 февруари, 1944 година
Барбарас, Бродско, Македонија под фашистичка окупација
Националност Македонец

Животопис

уреди

По занимање бил земјоделец. Како симпатизер на народно ослободителното движење и определен за борба против окупаторот, во есента 1943 година станал борец во Првата македонско-косовска бригада заедно со својата сестра Мирка. Со Бригадата заминал во Егејска Македонија и учествувал во Февруарскиот поход. По тешките борби кај Богомила, се одвоиле со дел од четата на Август и на враќање биле фатени во селото Крапа и стрелани заедно со сестра му Мирка и други пет борци на 12 февруари 1944 година кај местото Барбарас - Бродско.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 91.