Киро Ѓорѓиев Митевски (16 мај 1921 во Крилатица, Кратовско16 април 1945 во Кумановско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

По завршувањето на основното четиригодишно училиште се занимавал со земјоделие и сточарство. За време на окупацијата активно соработувал и го помагал народноослободителното движење на Македонија. Честопати бил малтретиран, притворан и мачен од бугарската фашистичка полиција. Тешко го поднесувал теророт и безмилосното ограбување од бугарските окупаторски власти. На 8 септември 1944 година пристапил во редовите на народноослободителната војска на Македонија, најпрво при Месната команда во Кратово, а подоцна во составот на Седумнаесеттатa македонска ударна бригада. Земал учество во повеќето борби за ослободување од окупаторите и балистичките банди. Покажал пример со својата храброст и преданост во извршување на задачите. Како припадник на Народната одбрана земал учество во разбивањето на балистичките банди по Скопска Црна Гора. Во една борба со балистите, недалеку од Куманово, бил погоден од непријателски рафал, по што на 16 април 1945 година подлегнал на раните.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Нивната борба за слобода, наш патоказ за иднината. Кратово: Општински одбор на СЗБ НОВ Кратово. 1985. стр. 43.