Кирил Стојановски
политичар
Кирил Стојанов(ски) (Локов, Малесија, 14 март 1909 - 31 јануари 1971) бил истакнат македонски свештеник и учесник во НОАВМ.[1]
Кирил Стојановски | ||
Роден | 14 март 1909 Локов, Струшко, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 31 јануари 1971 Македонија | |
Занимање | свештеник и учесник во НОБ |
Животопис
уредиСтојановски е роден во струшкото село Локов на 14 март 1909 година. По Априлската војна во 1941 година му пристапил на НОД. Бил свештеник на Чоковската парохија, а потоа како бригаден свештеник го осветил знамето на Првата македонска НОУБ на 11 ноември 1943 година. Бил избран за член на Верското поверенство при ГШ на НОВ и ПОМ и учесник на Првото заседание на АСНОМ. Како особено истакнат протојереј, по Ослободувањето бил организатор на црковниот живот во Македонија.[2]