Кире Миладиноски
Кире Алексов Миладиноски ( 1924 во Козица, Кичевско — 1945 во Липошница, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Кире Миладиноски | ||
Роден | 1924 година Козица, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | април, 1945 година Липошница, Хрватска | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиБил роден во сиромашно семејство кое не можело да му овозможи да се образува. По завршувањето на основното училиште, бил принуден да се занимава со земјоделство. Гледајќи ги тешките услови за живеење, доброволно се приклучил во редовите на Првата македонска бригада во есента 1944 година. Како борец учествувал на Сремскиот фронт во составот на Петнаесеттиот корпус. Загинал во борба со Германците кај селото Липошница во април 1945 година.[1]