Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Кетрин Зита-Џонс (англиски: Catherine Zeta-Jones) — велшка глумица родена на 25 септември 1969 година. Таа ја започна својата кариера на сцена уште од рана возраст. Откако се појави во голем број телевизиски филмови на Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави, вклучувајќи ја улогата во „Омилените мајски пупки“ од 1991 до 1993, таа се истакна со улоги во Холивудски филмови како што се акцијата „Маската на Зоро“ во 1998 и крими трилерот „Замка“. Нејзино најголемо пробивање беше со улогата во филмот „Титаник“ во 2000 година, за која го доби првиот Златен Глобус, номинирана за најдобра глумица. Зита-Џонс ја играше улогата на Велма Кели во филмската адаптација на мјузиклот „Чикаго“ во 2000 година и доби Оскар за најдобра споредна женска улога и беше номинирана за Златен Глобус за најдобра глумица. Подоцна, се појави во романтичната комедија „Неподнослива суровост“ во 2003 и во „Дванаесетмина на Оушн“ во 2004. Таа исто така глумеше во продолжението на филмот „Легендата за Зоро“ во 1998 и во романтичниот трилер „Спротивставување на смртта“.

Кетрин Зита-Џонс
Кетрин Зита-Џонс во 2012 Филмски фестивал Трибека
Роден(а)Кетрин Зита-Џонс
25 септември 1969(1969-09-25)(55 г.)
Свонси, Велс
Националноствелшка
ЗанимањеГлумица
Активен период1981–денес
СопружникМајкл Даглас (2000–денес)
Деца2

Животопис

уреди

Кетрин Зита-Џонс е родена на 25 септември 1969 во Свонси, Велс. Нејзината мајка Патриција била шивачка, а татко и сопственик на фабрика за слатки. Нејзиниот татко потекнува од Велс, а нејзината мајка од Ирска. Нејзиното средно име, Зита, го наследила од нејзината баба, наречена по еден брод на простаништето во Свонси. Зита-Џонс има двајца браќа. Нејзиниот помлад брат, Стефан, е нејзин личен менаџер и продуцент за Милквуд Филмс. Нејзиниот друг брат, Крег, е каскадер. Зита-Џонс се школувала во училиштето Думбартон хаус во Свонси, но рано го напуштила поради големи амбиции кон глумата. Додека, еднаш во Думбартон, нејзините пари за ручек ненамерно и ги украл соученик, глумецот Роб Брајдон. Подоцна го посетуваше училиштето за уметничко образование во Чизик, западен Лондон, како редовен ученик во три-годишен курс по музички театар.

Кариера и почеток на работата, 1986-1995

уреди

Нејзината кариера започна уште во детството. Често глумеше пред пријателите и семејството и беше дел од локалната танцова дружина во училиштето за танци Хазел Џонсон, за која се подготвуваа во црквата Сеинт Албан во Трибут. Таа достигна професионално деби со водечката улога во „Ени“, производство на Свонси Гранд Театар. Кога имаше 14 години, Зита-Џонс настапуваше како Талула во филмската продукција на Багзи Малоун. Во 1986, на 17 годишна возраст беше дел од хорот Игра во пижами во театарот Хеимаркет. Шоуто непосредно го обиколи Обединетото Кралство и во 1987, глумеше во 24тата Улица, како Пеги Сојер во театарот Ројал, Друри Лејн. Кетрин беше назначена за главна улога откако се разболеа двете глумици и нејзиниот заменик што ја глумеа Пеги Сојер. Исто така ја играше улогата на Меи Џонс на уличната сцена на операта Курт Веил во Лондонскиот колосеум театар. Откако шоуто заврши, таа отпатува за Франција каде што ја играше главната улога во филмот „1001 ноќ“ на францускиот режисер Филип де Брока. Нејзините способности во танцување и пеење и беа сигурна иднина, но улога како Мариет во успешната Британскка телевизиска серија „Омилените Мајски Пупки“ (1991-1993), која е обработка на истоимената новела на Х.Е. Батес, и донесе големо внимание и ја направи една од омилените на Британскиот таблоид. Успешно флертуваше и со музиката, почнувајќи како дел од албумот на Џеф Веин во 1992 во музичката верзија на Спартакус, и синглот „ За сите времиња“ беше објавен во истата година. Оваа песна го достигна 36-тото место на Британската листа. Ги објави и сингловите „Во рацете на љубовта“, „Не можам да си помогнам себеси“, и дуетот со Дејвид Есекс „Патишта до вистинска љубов“, кои го достигнаа 38-то место на Британската список на синглови во 1994. Се појави и во една епизода во американската телевизиска серија „Хроники на младиот Индијана Џонс“ (1992-1993) како и во филмот „Кристофер Колумбо: Откритието“ (1992). Во 1990, на 21 година, Зита-Џонс учествуваше во телевизиска реклама за Deutsche Bahn, играјќи ја улогата на млада жена која бега од мажот поради несреќен брак, улога која всушност и помогна да ја промовија својата кариера како глумица. Таа се прослави со многубројни телевизиски проекти како „Враќањето на Природата“ (1992-1993), филм заснован на истоимената новела на Томас Херди од 1878 и мини сериите „Катерина Велика“ (1995). Зита-Џонс исто така се појави и во „Исчезнатиот наследник“ (1993), комедија со Ерик Идл, Рик Моранис и Џон Клиз. Во 1996, настапи во акциониот филм „Фантомот“, како злобната авијатичарка Сала, филм заснован на комедијата на Ли Фолк. Следната година, се појави во „Титаник“ (1996), во кој исто така глумеа Питер Галагер, Тим Кури и Џорџ Скот.

Успех во кариерата, 1998-2003

уреди

Стивен Спилберг, кој ја забележа изведбата на Зита-Џонс во мини серијата „Титаник“(1996), ја препорача на Мартин Кембел, режисерот на „Маската на Зоро“ (1998). Ја доби главната улога во филмот, заедно со Ентони Хопкинс и Антонио Бандерас. Таа научи да танцува, да јава, да мечува и посетуваше часови за дијалект за да ја одигра улогата на Елена. За нејзината глума, списанието „Варајати“ напиша: „Зита-Џонс како центар на внимание е маѓична и слатка, и со импресивна грациозност се наслонува кон физичките потреби на својата улога. Таа доби многубројни награди, како „Blockbuster Entertainment Award“ за омилена нова женска глумица, „Empire Award“ номинација за најдобра британска глумица и „Saturn Award“ номинација за најдобра глумица. Во 1999, заедно со Шон Конери, глумеа во филмот „Замка“, и со Лиам Нисон и Лили Тејлор во „Собиралиште на духови“. Следната година се појави во „Сообраќаен метеж“ со нејзиниот иден сопруг Мајкл Даглас. Филмот доби награда од медиите, со критика од страна на Далас Обсервер нарекувајќи го филмот „извонреден успех во обработка на филм, прекрасна и брутална работа“. Улогата на Зита-Џонс ја доби нејзината прва номинација за Златен глобус за најдобра глумица како и многу други номинации и признанија. Ја доби главната улога во романтичната комедија „Американски драги“ (2001), заедно со Џулија Робертс, Били Кристал и Џон Кјузак. Филмот не доби добри коментари и забелешки, списанието „Лос Анџелес Викли“ изјави за филмот „не само што е обичен, туку е и агресивен и арогантен“. И покрај тоа, филмот беше хит и се продаде низ светот за повеќе од 138 милиони американски долари. Таа во филмот ја играше улогата на Гвен Харисон, која е филмска ѕвезда. Во 2002, Зита-Џонс ја доби улогата на смртоносната Велма Кели, филм кој е адаптација на Бродвеј мјузиклот „Чикаго“. Нејзината глума во филмот беше добро прифатена од страна на критичарите; известувач за „Сиетл Пост“ изјави: „Зита-Џонс е прекрасно злобна божица“. Списанието „Стејт“ исто така го пофали нејзиното глумење, изјавувајќи „таа има постојана доверба, која ви го одзема вниманието од не секогаш течно танцување, и покрај тоа, таа е совршена професионална танчерка, со маѓични раце и нозе и умерено деколте.“ „Чикаго“ (2002) беше трговски успех, со заработка над 306 милиони американски долари, и доби универзално признание. Во 2003, таа го читаше ликот на Марина во анимираниот филм „Синбад: Легендата за седумте мориња“ заедно со Бред Пит, и глумеше како распуштеницата Мерилин Ретрокс во црната комедија „Неподносливо злобно“ заедно со Џорџ Клуни.

2004-2009

уреди

Во 2004, ја играше улогата на стјуардесата Амелиа Варен во „Терминал“ како и Еуропол агент Изабел Лаири во „Дванаесетмина на Оушн“, продолжението на „Единаесетмина на Оушн“. Таа заедно со останатите членови што настапуваа беа номинирани за најдобри настапувачи. Во 2005, ја повтори улогата на Елена во „Легендата за Зоро“, продолжение на филмот „Маската на Зоро“ (1998). Филмот доби негативно-испомешани критики; и покрај тоа критичарите ги признаа поединечните изведби на глумците Бандерас и Зита-Џонс. „Легендата за Зоро“ се продаде низ светот за повеќе од 142 милиони американски домари. Во 2007, глумеше како Арон Екарт и Абигејл Бреслин во американската романтична комедија и драма „Без резервации“ римејк на германскиот филм „Претежно Марта“ (2001), за кој таа доби номинација од „Избор на народот“. Филмот доби измешани или просечни критики, но беше комерцијално успешен, имаше заработувачка од 92 милиони американски долари низ целиот свет. Клаудија Пуиг, во весникот „USA Today“ напиша: „блеска како карактер и нежно балансира одбивна резерва со симпатична жалба“. Во 2008, заедно со Гај Пирс и Сајорс Ронан глумеа во филмот „Спротивставувајќи и се на смртта“, биографија за легендарниот илузионист Хари Худини во врвот на својата кариера во 1920-тите. Филмот беше добро прифатен од страна на критичарите. „Вју Лондон“ истакна: „Зита-Џонс исто така добро се снаоѓа со исклучително импресивниот Единбуршки акцент и прекрасно е да ја гледаш во пристојна улога.“ Во 2009, Зита-Џонс глумеше во романтичната комедија „Одбивање“, во кој таа играше 40-годишна мајка на две деца, која се вљубува во помлад човек, кој го игра Џастин Барта. Филмот играше во кината во неколку земји во 2009 година. Во САД, филмот беше објавен на 7 февруари 2012 година. Во август, 2009 година, се најавуваше дека ќе и се врати на музиката, и дека ќе направи Бродвеј деби со обновување на песната „Мала ноќна музика“ со Ангела Лансбури, почнувајќи од декември 2009 година. За изведбата, Зита-Џонс доби многубројни награди за најдобра главна улога во мјузикл. Даун Френч и Џенифер Даундерс во своето телевизиско скеч-шоу „Френч енд Саундерс“ ја исмејаа Зита-Џонс како глупава славна личност наречена „Кетрин Спартакус-Зита-Даглас-Џонс“ (опишана како принцеза на династијата Спартакус или кралицата на Велс) во серијата „Враќање со одмазда“ (Улогата на Спартакус ја играл свекорот на Зита-Џонс). „Кетрин Спартакус-Зита-Даглас-Џонс најизменично зборува со силен велшки акцент и силен американски акцент и употребува велшки изрази кога зборува“. Таа исто така е исмејана од страна на Дебра Стефенсон во Би Би Си комичното скеч шоу „Импресивно шоу“, дека во „Убавицата и Ѕверот“ најизменично чита со велшки и американски акцент. Зита-Џонс се споменува во песната „Холивуд“(2010) од Марина и дијамантите, во делот„ О Господи, ти изгледаш исто како Шакира, не, не, ти си Кетрин Зита, всушност моето име е Марина“. Зита-Џонс исто така е рекламски гласноговорник, моментално глобална гласноговорничка за козметичкиот гигант Елизабет Арден. Се појави и во многубројни телевизиски реклами, за компанијата за телефони „Т-Мобиле“, и за „Алфа Ромео“. Таа исто така е гласноговорник за накитот на Ди Модоло. Беше назначена како командир во ред на британска империја (СВЕ) во 2010 во Birthday Honors. Се појави на неколку насловни страници на списанија како „Алур“, „Харперс Базар“, „Венити Фер“ и „Вог“. Беше избрана како една од најубавите личности во 1998, од страна на списанието „Пипл“, и рангирана на 68-то место во „ФХМ“ во „100 најсекси жени во светот 2005“ на која беше на 82-то место.

Приватен живот

уреди

Зита-Џонс и глумецот Мајкл Даглас, се родени на ист датум, но тој е 25 години постар од неа. Го запозна на Довил Филм Фестивал во Франција во август 1998, претставен од страна на Дени ДеВито. Тие почнаа да се состануваат во март 1999. Зита-Џонс тврди дека кога се запознале, тој и рекол „сакам да бидам татко на твоите деца“. Се верија на 31 декември 1999 и се венчаа во хотелот „Плаза“ во Њујорк на 18 ноември 2000, една недела по финализирањето на разводот на Даглас. На нивната свадба пееше традиционален Велшки хор (Cor Cymraeg Rehoboth). Нејзиниот велшки златен прстен е со келтски мотив и е купен во велшкиот град Абериствит. Тие имаат две деца. Нивниот син, Дилан Мајкл Даглас (крстен по Дилан Томас), роден на 8 август 2000 година, со бременоста на неговата мајка, учествуваше во филмот „Трафик“(2000). Нивната ќерка, Керис Зита Даглас е родена на 20 април 2003 година. Во 2004 година, Даглас и Зита-Џонс повлекоа легална акција против манијакот Даунет Најт, кој беше обвинет за праќање насилнички писма на двојката, кои содржеа закани за животот на Зита-Џонс. Сведочејќи, Зита-Џонс изјави дека заканите ја растревожиле и доживеала растројство. Најт потврди дека таа била вљубена во Даглас и ги призна навредите, кои одземаа време од октомври 2003 до мај 2004 година. На Најт и беше изречена три годишна казна затвор.

Во април 2011, Зита-Џонс беше на третман за ментално растројување, во Силвер Хил болницата во Њу Канаан, Конектикат. Таа повторно се провери во здравствен центар за понатамошни третмани поврзани со нејзината болест.

Во август 2011 година, беше изјавено дека Зита-Џонс се обидува да се откаже од цигарите со помош на употреба на електронска цигара. Двајцата со нејзиниот сопруг водеа битка за да се откажат од цигарите, додека Даглас беше под третмани за четврта фаза рак на грло.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: