Ференц Келчеи

(Пренасочено од Келчеи)

Ференц Келчеи (унгарски: Kölcsey Ferenc, 8 август 1790 - 24 август 1838) — унгарски поет, критичар и оратор.

Ферненц Келчеи

Роден е во благородничка фамилија во Трансилванија, за време на Хабсбургшката монархија. Останува сирак на многу рана возраст и хендикепиран поради тоа што го губи едното око. Кога има петнаесет години се запознава со Ференц Казинци и предано ги прифаќа неговите лингвистички реформи. Во 1809 Келчеи заминува во Пешта за да студира право. Сепак, правото му станува одвратно, па времето го посветува на естетички студии, поезија, критика и одбрана на теориите на Казинци.

Првите творби на Келчеи не привлекуваат големо внимание, а критиката што ќе ја упати кон Чоконаи, Јанош Киш, и особено кон Даниел Бержењи, во дело изадено во 1817, ќе го направи и доста непопуларен. Од 1821 до 1826 издава многу прекрасни поеми во списанието Aurora, Hebe, Aspasia, како и други литературни магазини.

Од 1832 до 1835 дел е од унгарското собрание, каде неговите екстремно либерални погледи и елоквентска вештина, ќе го направат особено обожаван пратеник. Избран е на 17 ноември 1830 година како член на Унгарската Академија на Науките; во 1832, го одржува својот познат говор за Казинци, а четири години подоцна и за неговиот доскорешен непријател Бержењи. Умира на 24 август 1838 година, кај Чеке, Унгарија, во Австриската империја, како резултат на внатрешно воспаление.

Келчеи е првиот голем унгарски романтичар. Најголемо влијание врз него извршуваат Русо и Волтер, а подоцна и Кант. Живеел повлечено на својот имот. Автор е на унгарската химна, која ја воспева славата на унгарското минато.

Белешки

уреди

  Оваа статија вклучува текст од објавено дело кое сега е јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title= (help)