Химна — песната која започнува со Isten, áldd meg a magyart слушни (Боже, благослови го Унгарецот) —официјалната државна химна на Унгарија. За таква е прифатена во 1844 година[1], по што традиционално, првата строфа се пее на официјалните церемонии. Текстот е напишан од Ференц Келчеи, еден од најпознатите унгарски поети, во 1823, а музиката која денес се смета за официјална е додадена од романтичарскиот композитор Ференц Еркел. Исто така, постојат и низа други помалку познати верзии на мелодијата. Првобитното нејзино име е „Hymnus, a magyar nép zivataros századaiból" (Химна, од бурните векови на унгарската нација). Иако може да се сретне и ова име, денес, тоа ретко се користи. Често се вели дека поднасловот бил своевремено додаден со цел да се избрише јасната поврзаност на песната со сегашност за да може да се избегне австриската цензура.

Himnusz
макед. Химна
Текстот и нотите на химната.

национална химна на  Унгарија
ТекстФеренц Келчеи, 1823 г.
МузикаФеренц Еркел
Усвоена1884
Звучен извадок
инструментална верзија

Песната со име „Szózat" (Проглас), која е напишана од Михај Верешмарти и која започнува со зборовите Hazádnak rendületlenül légy híve, óh magyar (На родината непоколебливо / биди ѝ предан, о Унгарецу) ужива речиси еднаква социјална популарност и прифатеност како и „Himnusz", без разлика на тоа што само "Himnusz" е спомната во унгарскиот устав. Всушност, традиционално, „Himnusz“ се пее на почетокот на церемониите, а „Szózat“ на крајот.

Признание му е оддадено и на Rákóczi March, кратко инструментално дело од непознат композитор, кое се свири во воени погоди, како и на песната Nemzeti dal напишана од Шандор Петефи.

Официјалната радио станица Радио Кошут ја свири Himnusz секој ден десет минути по полноќ, а истото го прават и телевизиските канали по завршувањето на нивната дневна програма.

Текст

уреди

Текстот на унгарската химна е чуден, гледан од аспект на останатите песни од овој карактер, бидејќи таа е претставена како молба кон Бога, а не како поема што ќе ја велича националната гордост. Токму поради спомнувањето на Бог во песната, таа само се свири, но е забрането да се пее за време на најстрогата комунистичка власт во Унгарија (1949–1956) (дури и секретарот на партијата Матијас Ракоши ќе му рече на композиторот Золтан Кодали да напише нова државна химна, но Кодали одбива, по што Ракоши се откажува од својата замисла.) По неуспехот на унгарската револуција, Јанош Кадар ќе се обиде да издејствува промена на химната - од Himnusz во Szózat, но нема да успее докрај да ја истурка својата идеја.

HIMNUSZ


Isten, áldd meg a magyart
Jó kedvvel, bőséggel,
Nyújts feléje védő kart,
Ha küzd ellenséggel;
Bal sors akit régen tép,
Hozz rá víg esztendőt,
Megbűnhődte már e nép
A múltat s jövendőt!

Őseinket felhozád
Kárpát szent bércére,
Általad nyert szép hazát
Bendegúznak vére.
S merre zúgnak habjai
Tiszának, Dunának,
Árpád hős magzatjai
Felvirágozának.

Értünk Kunság mezein
Ért kalászt lengettél,
Tokaj szőlővesszein
Nektárt csepegtettél.
Zászlónk gyakran plántálád
Vad török sáncára,
S nyögte Mátyás bús hadát
Bécsnek büszke vára.

Hajh, de bűneink miatt
Gyúlt harag kebledben,
S elsújtád villámidat
Dörgő fellegedben,
Most rabló mongol nyilát
Zúgattad felettünk,
Majd töröktől rabigát
Vállainkra vettünk.

Hányszor zengett ajkain
Ozmán vad népének
Vert hadunk csonthalmain
Győzedelmi ének!
Hányszor támadt tenfiad
Szép hazám, kebledre,
S lettél magzatod miatt
Magzatod hamvvedre!

Bújt az üldözött, s felé
Kard nyúlt barlangjában,
Szerte nézett s nem lelé
Honját e hazában,
Bércre hág és völgybe száll,
Bú s kétség mellette,
Vérözön lábainál,
S lángtenger fölette.

Vár állott, most kőhalom,
Kedv s öröm röpkedtek,
Halálhörgés, siralom
Zajlik már helyettek.
S ah, szabadság nem virúl
A holtnak véréből,
Kínzó rabság könnye hull
Árvák hő szeméből!

Szánd meg Isten a magyart
Kit vészek hányának,
Nyújts feléje védő kart
Tengerén kínjának.
Bal sors akit régen tép,
Hozz rá víg esztendőt,
Megbűnhődte már e nép
A múltat s jövendőt!

FERENC KÖLCSEY (1823)

ХИМНА


Боже, благослови го Унгарецот
со изобилство и радост,
подај му рака заштитна
во борби против врагот;
од несреќи е сразен сет,
дај му сега среќни дни,
се напатил овој народ клет
од мината и иднини!

Нашите предци си ги водел кон
светиот на Карпатите врв,
преку тебе најде убав дом
на Бендегуз славната крв.
И до кајшто ечат на Дунав
и на Тиса брановите,
цвета на Арпад херојското семе,
на татковината синовите.

За нас по полето на Куншаг
зрел клас ни вееше,
од пенушките на Токај
нектар ни лееше.
Знамето наше го садеше
во турски шанец див,
и под војската на Маќаш стенкаше
на Виена бедемот сив.

Но поради нашите гревови
те фаќаше голем гнев,
и пушташе молњи и громови
и ширеше страшен рев.
Ти монголска стрела дива
ни фрлаше на пат,
потоа турски јарем тежок
ни ставаше на врат.

Колку пати од усните
на Турците екна бесна
над коските на нашата војска
победничка песна!
Колку пати, о родино, се крена
твојот син од твојта град,
и си станала поради својот пород
гроб за својот пород млад!

Се крие прогнатиот в дувло,
и таму меч му кине сон,
се обѕира сегде, но не наоѓа
дом во својот дом.
Кон врв се стреми, в поле слегува
очај го има сотрено.
Потоп пред нозете негови,
а над него море огнено!

Таму стоел град, сега руина,
радост беше секаде и сјај,
смртен шум и плач се шири
веќе в сиот крај!
И слобода не цути веќе
од крвта на мртвите,
солзите течат на тешко ропство
од очите на жртвите!

Сожали го, боже, Унгарецот,
кого опасност го сви,
подај му рака заштитна,
од маките спаси го ти!
Тој од несреќи е сразен сет,
дај му сега среќни дни,
се напатил овој народ клет
од мината и иднини!

Препеал: ПАСКАЛ ГИЛЕВСКИ

Скулптурата Himnusz

уреди
 
Предна страна на скулптурата
 
Задна страна на скулптурата

На 7 мај 2006, поставена е скулптурата Himnusz на плоштадот во Будакежи, селото каде што е роден Ференц Еркел, композиторот на музиката на унгарската химна. Таа го прикажува целокупниот текст на поемата во кружна форма, центриран околу две метри високата фигура на Бог, со 21 бронзено ѕвоно распределено на седум арки, направени од осум камени столбови, секој од нив со висина од четири и пол метри. Музичката содржина на делото може да се исвири на ѕвоната. Парите - 40 милиони форинти (грубо 200,000 долари [1]), биле собрани од јавната претплата.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Hungary: "Himnusz" (Hymn), "Isten, áldd meg a magyart", (God, Bless the Hungarians), www.nationalanthems.info