Каљазин
Каљазин (руски: Калязин) e град во европскиот дел на Русија и административен центар на регионот Каљазин, кој е сместен на краен југоисток на Тверската област.
Според проценките на Националната статистичка служба, во градот во 2014 живееле 13.397 жители.
Каљазин често се класифицира како град Златен прстен на Русија.
Географија
уредиГрадот се наоѓа на десниот брег на реката Волга, или поточно на десниот брег на вештачкото езерото Углич создадено со преградување на коритото на реката Волга за време на 1930-ти години, на околу 190 km северозападно од главниот град на земјата, Москва. На речиси исто растојание се наоѓа административниот центар на областа, градот Твер (југозападно). Градот лежи на точката каде што реката Жабња се влева во Волга, на надморска височина од 120 m.
Историја
уредиВо аналите на XII век се споменува населбата „Никола на Шабњи“ која се наоѓала на местото на денешниот модерен град. Откако бил на тоа место на почетокот на XV век основан православен манастир посветен на Света Троица (подоцна познат како манастир Троица Макариј, по нејзиниот основач монахот Макариј Каљазински) нагло се зголемила важноста на самата населба. Во пишани извори, населбата Кајазин се споменува за првпат во 1434 година.[1] Одреден трговец и патеписец од Твер Афанасиј Никитин кој живеел таму некое време во 1466 година, пишувал за манастирот кога бил на пат кон Индија. Манастирската населба и Никоjска слобода („слобода“ била еден вид населба ослободена од данок) на крајот на XVII век се споија во единствена населба Каљазинска слобода.
Со декрет на царицата Катерина Велика во 1775 Каљазин го доби административниот статус на градска област подреденост. Во текот на XVIII и XIX век Каљазин бил важен трговски град во кој се одржувале важни саеми двапати годишно, а на крајот на 19 век започнале да се развиваат значителни занаетчиски активности во градот. Најголемата трагедија во историја градот ја доживеа кон крајот на 1930-тите, кога вештачката акумулација Угличко езеро целосно го поплави старото историско јадро на град, вклучувајќи го и Макаријевиот манастир. Само црковната камбана останала надвор од водата, што денес претставува најважен туристички симбол на градот, познат како Потопена камбанарија. На денот 19 ноември 2001 во 21:19 часот по московско време, на околу 24 km југоисточно од Каyазин, во близина на селото Захаровка, се сруши патнички авион Иљушин Ил-18 летајќи на чартер линија од Хатанга (Краснодарски крај) кон Москва. Во авионската несреќа загинаа сите 18 патници и 7 члена од екипажот.[2]
Демографија
уредиСпоред податоците од пописот од 2010 година во градот живееле 13.867 жители, додека се проценува дека во 2014 година градот имал 13.397 жители.[3]
1897 | 1959 | 1970 | 1979 | 1989 | 2002 | 2010 | 2014 |
---|---|---|---|---|---|---|---|
5.496 | 11.077 | 11.272 | 13.893 | 15.544[4] | 14.820[5] | 13.867[6] | 13.397 |
Опсерваторија на Каљазин
уредиНедалеку од градот, на морско возвишение од 178 m надморска височина во 1992 е отворена голема радиоастрономна опсерваторија. Опсерваторијата има моќен радиотелескоп RT-64 со пречник од 64 метри, способен да изведува комплексно астрометриско снимање на многу оддалечени објекти во вселената (како што се пулсари и квазари).[7]
Сообраќај
уредиЖелезничка пруга поминува низ градот на линијата Москва - Сонково - Санкт Петербург, а во самиот град има две железнички станици. Градот е поврзан со Москва и Углих со автопатот R104, а со автопатот R86 е поврзан со Твер.
-
Железничка станица
-
Споменик на Макарије Каљазински
-
Каљазин 1917
-
Каљазински радиотелескоп
Поврзано
уреди„Каљазин“ на Ризницата ? |
Наводи
уреди- ↑ -{ Калязин // Энциклопедический словарь Брокгауза и Ефрона: В 86 томах (82 т. и 4 доп.). — СПб., 1890—1907.}-
- ↑ -{[ http://www.newsru.com/russia/20nov2001/il18.htmlИл-18 Архивирано на 5 март 2016 г. является самым безопасным среди всех гражданских самолётов первого поколения.] NEWSru (20 ноября 2001).}-
- ↑ -{Оценка численности постоянного населения Смоленской области на 1 января 2014 года Архивирано на 7 април 2014 г.}-
- ↑ Demoscope Weekly (1989). „Всесоюзная перепись населения 1989 г. Численность наличного населения союзных и автономных республик, автономных областей и округов, краёв, областей, районов, городских поселений и сёл-райцентров“. Всесоюзная перепись населения 1989 года [All-Union Population Census of 1989]. Институт демографии Национального исследовательского университета: Высшая школа экономики [Institute of Demography at the National Research University: Higher School of Economics]. Посетено на August 9, 2014.
- ↑ Федерална служба за државна статистика (May 21, 2004). „Численность населения России, субъектов Российской Федерации в составе федеральных округов, районов, городских поселений, сельских населённых пунктов – районных центров и сельских населённых пунктов с населением 3 тысячи и более человек“ (XLS). Всероссийская перепись населения 2002 года [All-Russia Population Census of 2002]. Посетено на August 9, 2014.
- ↑ Федерална служба за државна статистика (2011). „Всероссийская перепись населения 2010 года. Том 1“. Всероссийская перепись населения 2010 года. Федерална служба за државна статистика. Посетено на June 29, 2012.
- ↑ -{Калязинская радиоастрономическая обсерватория Астрокосмического центра Физического института им.П.Н.Лебедева}-