Димитар Кашалијата
Димитар (Мито) Арнаурдов Филчев, познат како Кашалијата [1], — македонски револуционер, серски војвода на Македонската револуционерна организација [2].
Димитар Кашалијата | ||
Роден | 1880 Кашина, Бугарија | |
---|---|---|
Починал | 6 април 1905 Кашина, Бугарија |
Животопис
уредиРоден е во Кашина, во Отоманското Царство, денес во Бугарија. Димитар Кашалијата е четник при Гоце Делчев во летото 1899 година, а во 1902 година е во четата на дедо Илија Крчовалијата. Од февруари 1903 година е четник при Димитар Гуштанов. Потоа повторно е во четата на Гоце Делчев. Кашалијата учествува во нападот на мостот кај реката Драматица (Ангиста) и во борбата за село Баница, каде што умира Гоце Делчев.
По Битката кај Баница, заедно со преживеаните другари поминува во Бугарија. Првично се лекува, а потоа започнал со работа во пограничните премини и канали за Македонија во областа Ќустендил и Дупница.
Подоцна тој станува војвода на чета. На 7 јуни 1903 година здружените чети на војводите Кашалијата, Атанас Тешовалијата, Георги Спанчовалијата, Христо Танушев и Стојан Филипов, водат борба со турските сили кај врв Голеш (Демирхисарско). Учествува во Илинденското востание.
Во 1905 година е четник во четата на врховистичкиот на капетанот Јурдан Стојанов и загинува на 6 април истата година во заседа, во близината на селото Кашина, поставена од Јане Сандански [3]
Извори
уреди- ↑ Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското револуционерно националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903, Скопје, 2003
- ↑ Кременлиев, Ат. "Четникът Димитър Кашиналията - довереник и верен сподвижник на Гоце Делчев". сп. Македонски преглед, 2002, кн. 4, стр. 152-156.
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация . Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 48.