Катинка Хосу
Катинка Хосу (унгарски: Katinka Hosszú; 3 мај 1989) — унгарска натпреварувачка во пливање, која е специјалист во поединечни мешани трки. Таа е трикратен олимписки шампион и седумкратен светски шампион на долги патеки.[1]
Хосу е светски рекордер во 100 метри поединечно мешано, 200 m поединечно мешано (долга патека и кратка патека), 400 m поединечно мешано (долга патека), 100 m грбно (кратка патека) и 200 m грбно (кратка патека). Таа беше првиот пливач што ги држи светските рекорди во сите пет поединечни дисциплини во исто време. Таа држи две третини од унгарските рекорси. Хосу беше прогласена за ФИНА пливач на годината во 2014, 2015 и 2016 година и ја освои наградата СвимСвам за женски на годината во 2013 година.[2]
Таа се има натпреварувано на четири Летни олимписки игри : 2004, 2008, 2012 и 2016 година. Хосу моментално плива за Ајрон Акватикс. Долги години нејзиниот сопруг бил нејзин тренер,[3] а по нивниот развод, Хосу тренираше со тренерот Дејвид Сало.[4] Таа беше наречена „Железна дама“,[5][6] и е првата милионерка во историјата на пливањето.[7]
Личен живот
уредиКатинка Хосу е родена во Печ, Унгарија, ќерка на Барбара Бакос и Иштван Хосу. Катинка ја подучувал пливање нејзиниот дедо, Ласло Бакос, додека наполнила 13 години. Хосу го запознала својот иден сопруг Шене Тусуп во 2009 година, кога тие биле бруцоши на Универзитетот во Јужна Калифорнија. Откако била под притисок на очекувањата на Олимписките игри во Лондон во 2012 година без медал, таа побарала од нејзиното момче Тусуп да стане нејзин тренер. По Олимписките игри, на Светското првенство во пливање во Пекинг се натпреваруваше во 8 дисциплини, со медал во 5 од нив, што довело до тоа во кинеските весници да се пишува дека е направена од железо. Од тогаш е нејзиниот прекар, „Железната дама“. Хосу се омажила за Тусуп во 2013 година.[8] Хосу и сопругот Тусуп отвориле свој пливачки клуб во Унгарија, Ајрон Акватикс во септември 2016 година.[9]
На 16 февруари 2018 Хосу поднесе барање за развод од Тусуп.[10] На 25 мај 2018 година, Фејсбук страницата на Хосу беше избришана од Тусуп, кој беше единствениот администратор на страницата.[11] Сепак, на 6 јуни 2018 година таа повторно доби пристап до нејзината страница на Фејсбук, со помош на активистката и заштитник на женските права, Матан Узиел.[12]
Во август 2016 година, Хосу изгубил тужба за клевета против Кејси Берет, од списанието „Свиминг ворлд“. Таа ја поднесе тужбата во ноември 2015 година, откако магазинот објави напис на своето мрежно место во мај 2015 година, прашувајќи дали Хосу користела супстанции кои ги зајакнуваат перформансите, и покрај тоа што кај Хосу никогаш не било пронајдено да користи такви супстанции.[13] Тужбата била отфрлена бидејќи судијата пресудил дека статијата е мислење.
Пливачка кариера
уредиХосу е позната низ целиот пливачки свет. Од 2012 година таа тренирала со од нејзиниот сопруг, Шене Тусуп, поранешен пливач на Универзитетот во Јужна Калифорнија, а претходно со тренерот Дејвид Сало.
Европско првенство за пливање во кратки патеки во 2004 година
уредиТаа го освои својот прв медал на Европското пливачко првенство во 2004 година, бронза во 400 метри мешано.
Светско првенство 2009
уредиНа Светското првенство во 2009 година освои две бронзени медали во 200 метри мешано и 200 метри делфин, пред да стане светски првак во 400 метри мешано. Таа беше избрана за унгарски спортист на годината за нејзините достигнувања.
Европско првенство 2010
уредиНа Европското првенство во 2010 година, што се одржа во нејзината татковина, освои сребрен медал во 400 метри мешано и стана европски шампион во 200 метри делфин, 200 метри мешано и како член на репрезентативниот тим од 4 × 200 метри слободе стил.
Лични најдобри времиња
уредиДолга патека
уредиДисциплина | Време | Локација | Датум | Белешки |
---|---|---|---|---|
50 метри слободен стил | 24.89 (r) | Саун Пауло | 21 април 2014 година | NR |
100 метри слободен стил | 53.64 | Сингапур | 5 септември 2014 година | NR |
200 метри слободен стил | 1: 55.41 | Дубаи | 6 ноември 2015 година | NR |
400 метри слободен стил | 4: 04.96 | Берген | 29 мај 2016 | |
50 м грбно | 27.99 | Дубаи | 6 ноември 2015 година | NR |
100 м грбно | 58.45 | Рио де Жанеиро | 8 август 2016 | NR |
200 м грбно | 2: 05.85 | Будимпешта | 29 јули 2017 година | NR |
200 метри делфин | 2: 04.27 | Рим | 26 јули 2009 година | ER |
200 m мешано | 2: 06.12 | Казан | 3 август 2015 година | WR , ER, NR |
400 m мешано | 4: 26,36 | Рио де Жанеиро | 6 август 2016 | WR, ER, NR |
Кратка патека
уредиДисциплина | Време | Локација | Датум | Белешки |
---|---|---|---|---|
50 метри слободен стил | 24.43 | Сент Пол | 29 декември 2014 година | NR |
100 метри слободен стил | 52.37 | Сент Пол | 30 декември 2014 година | NR |
200 метри слободен стил | 1: 51.18 | Доха | 7 декември 2014 година | NR |
400 метри слободен стил | 3: 58.84 | Нетања | 6 декември 2015 година | NR |
50 м грбно | 25.95 | Копенхаген | 16 декември 2017 година | NR |
100 м грбно | 55.03 | Доха | 4 декември 2014 година | WR , ER, NR |
200 м грбно | 1: 59.23 | Доха | 5 декември 2014 година | WR, ER, NR |
200 метри делфин | 2: 01.12 | Доха | 3 декември 2014 година | NR |
100 m IM | 56.51 | Берлин | 7 август 2017 година | WR, ER, NR |
200 m мешано | 2: 01.86 | Доха | 6 декември 2014 година | WR, ER, NR |
400 m мешано | 4: 19,46 (ж) | Нетања | 2 декември 2015 година | NR |
400 m мешано | 3: 56,54 | Калифорнија | 16 март 2012 година | Поранешна WR |
Меѓународно првенство (50 м)
уредиMeet | 100 free | 200 free | 400 free | 50 back | 100 back | 200 back | 100 fly | 200 fly | 200 medley | 400 medley | 4×100 free | 4×200 free | 4×100 medley |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
OG 2004 | 31st | ||||||||||||
WC 2005 | |||||||||||||
EC 2006 | 15th | 8th | 9th | DSQ(h) | 8th | ||||||||
WC 2007 | 25th | 12th | 11th | ||||||||||
EC 2008 | 49th | 22nd | 6th | 6th | |||||||||
OG 2008 | 17th | 12th | |||||||||||
WC 2009 | 8th | 6th | 14th | ||||||||||
EC 2010 | 4th | ||||||||||||
WC 2011 | 19th | 6th | 15th | 5th | |||||||||
EC 2012 | 4th | 6th | |||||||||||
OG 2012 | 9th | 8th | 4th | 9th | |||||||||
WC 2013 | 9th | heats[a] | 6th | ||||||||||
EC 2014 | sf[b] | 15th | 16th | heats[a] | |||||||||
WC 2015 | 5th | heats[a] | 13th | ||||||||||
EC 2016 | |||||||||||||
OG 2016 | 6th | ||||||||||||
WC 2017 | 7th | heats[a] | 6th | ||||||||||
EC 2018 | 4th | 8th |
Наводи
уреди- ↑ Katinka Hosszú at Rio 2016 web, archived by archive.org
- ↑ https://swimswam.com/2013-swammy-award-female-swimmer-year-katinka-hosszu/
- ↑ Learn why Katinka Hosszu & Shane Tusup love highend shoes (Video Interview)
- ↑ https://swimswam.com/katinka-hosszu-to-train-under-swiss-coach-arpad-petrov/
- ↑ Barry Svrluga (7 August 2016). „Katinka Hosszu, swimming's Iron Lady, is raising all kinds of eyebrows“. Washington Post. Посетено на 10 October 2016.
- ↑ Rachel Lutz (22 July 2016). „Olympic alchemy: Turning Hungary's 'Iron Lady' Katinka Hosszu into gold“. NBC Olympics. Архивирано од изворникот на 2016-08-09. Посетено на 10 October 2016.
- ↑ „Katinka Hosszu to Become first Race-Prize Dollar Millionaire in Swimming History“. SwimVortex. Архивирано од изворникот на 2016-08-13. Посетено на 2016-08-11.
- ↑ Karen Crouse (3 August 2016). „Katinka Hosszu and Her Husband Raise Eyebrows at the Pool“. New York Times.
- ↑ Loretta Race (27 July 2016). „HUNGARY'S KATINKA Hosszu to Launch New Iron Aquatics Training Program“. SwimSwam.
- ↑ „Katinka Hosszu filed for divorce“. dailynewshungary.com. 16 February 2018.
- ↑ „Katinka Hosszu Says Her Facebook Page Was Deleted, Not By Her“. SwimSwam.com. 25 May 2018.
- ↑ „Hosszú Katinka hat számra nevezett be“. Zoom. 5 June 2018. Архивирано од изворникот на 2020-06-12. Посетено на 2019-01-28.
- ↑ Anderson, Jared (15 August 2016). „Judge Dismisses Katinka Hosszu's Lawsuit Vs Barrett, Swimming World“. Swimswam. Посетено на 16 August 2016.
Надворешни врски
уреди„Катинка Хосу“ на Ризницата ? |
- Катинка Хосу на Sports Reference
- Катинка Хосу на Твитер