Катедрала Свети Јован Крстител (Варшава)
Катедралата Свети Јован Крстител (полски: Bazylika archikatedralna św. Jana Chrzciciela ) е црква која се наоѓа во Варшава, Полска. Христијанската катедрала е една од трите катедрали во полската престолнина, која се наоѓа во Стариот град и е вклучена во списокот на светското наследство на УНЕСКО.
Катедрала Свети Јован Крстител Bazylika archikatedralna św. Jana Chrzciciela | |
---|---|
Поглод кон црквата | |
Основни податоци | |
Место | Варшава, Полска |
Духовно-организациски статус | црква |
Каедралата била изградена во текот на 14 век во готска архитектура, и во текот на средниот век служела како место за крунисување и погребување на Војводите од Мазовија. Катедралата била реновирана во времето кога бил изграден Кралската палата во времето на Ана Јагиелонска во доцниот 16 век.[1] По крајот на седницата во која бил усвоен Уставот од 3 мај 1791 година, кралот Станислав август Пониатовски отишол во катедралата за да положи заклетва пред олтарот, во име на Бог.
Црквата на неколкупати била обновувана, особено во текот на 19 век. Во текот на Втората светска војна, катедралата била опожарена и оштетена[2], а по крајот на истата била обновена во готски стил.
Наводи
уреди- ↑ Stefan Kieniewicz, ed., Warszawa w latach 1526-1795 (Warsaw in 1526–1795), vol. II, Warsaw, 1984, ISBN 83-01-03323-1.
- ↑ (полски) Paweł Giergoń. „Katedra św. Jana (Archikatedra)“. www.sztuka.net.pl. Архивирано од изворникот на 2009-05-07. Посетено на 2009-03-05.
Оваа статија за црква или сличен христијански објект е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Надворешни врски
уреди- (полски) sztuka.net Архивирано на 7 мај 2009 г. Фотографии од црквата.
- (полски) Кратка историја на катедралата Архивирано на 25 јуни 2008 г.
- (полски) www.warszawa1939.pl Предвоен период.
- (полски) [1] Архивирано на 27 септември 2007 г. Неколку понови слики од катедралата.
- (полски) sztuka.net Архивирано на 18 јули 2011 г., Мавзолејот на Војводите од Мазовија