Караџали (Овче Поле)
Караџали — историско село, во околината на градот Свети Николе.
Караџали | |
Караџали на карта | |
Координати 41°46′32.78″N 21°53′39.22″E / 41.7757722° СГШ; 21.8942278° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Лозово |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 279 м |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓало во самото Овче Поле, 1 км југозападно од селото Џумајлија (денес Лозово). Тука денес поминува патот кон село Дорфулија. Селото било рамничарско на надморска височина од 279 метри.
Историја
уредиСелото во XIX век било дел од Штипската Каза, односно нахијата Берекетли (Овче Поле). По Првата балканска војна, потпаѓа во рамките на Кралството Србија и било дел од општина Џумајлија. Потоа за време на Првата светска војна потпаѓа под бугарска контрола, каде било дел од новата бугарска општина Џумајлија. По враќањето на српската контрола во селото, било сместено во рамктие на општина Џумали.
Население
уредиСпоред статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кара Џали живееле 150 жители, сите Турци.[2]
Димитар Гаџанов во 1916 година забележал дека во селото имало 13 Турци.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Турци.[4]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Канчов, Васил (1900). Македонија, етнографија и статистика. Софија. стр. 232.
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 242.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.