Караникола

Поглед на врвот Караникола со Караниколичкото Езеро во подножјето
Висина &100000000000024090000002.409 м
Место Македонија Македонија
ВенецШар Планина
Прво освојувањенепознато

Караникола (познат и како: Караниколица) е планински врв на Шар Планина, во северозападниот дел на Република Македонија[1]. Тој е составен дел на Шар Планина и неговата височина е 2.409 метри. Врвот се наоѓа северозападно од градот Тетово, на границата со Косово на координатите 42°05' северна географска широчина и 20°49' источна географска должина.[2]. Неговата местоположба се наоѓа токму на средишниот дел на главниот срт на протегање на Шар Планина, речиси на половината на неговото протегање недалеку од местото каде го менува правецот на протегање од северозапад кон југ, а на неговото јужно подножје на македонска страна се наоѓаат преубавото Караниколичко Езеро и Мал Ѓол.

Наводи

уреди
  1. „Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (биолошка и пределска разновидност)“ (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 96. Посетено на 23 август 2018.
  2. Петрушевски, Илија (2012). Попис на врвовите во Република Македонија. Тетово: Хартија Комерц. стр. 11.